(ВИДЕО) Израел прогласи воена состојба, најмалку сто лица се повредени во нападите на Хамас на југот на земјата кои сè уште траат

October 7, 2023
1 min read

Најмалку сто лица се повредени од нападите на милитантната група Хамас од Газа во јужниот и средниот дел на Израел. Од повредените, голем број се во критична состојба и лекарите се борат да им ги спасат животите

Израелскиот претседател Исак Херцог на социјалните мрежи напиша дека Израел се соочува со многу тешка ситуација, но и дека израелскиот народ ќе ги победи сите оние што ѝ посакуваат зло на државата. Тој порача и дека војниците од израелските одбранбени единици ќе направат сè за да го задржат мирот во земјата и да ги заштитат цивилите од нападите на Хамас.

Израелските одбранбени сили ја започнаа операцијата „Железни ножеви“ против Хамас, а според информациите кои пристигнуваат од тамошните медиуми, над сто лица се хоспитализирани во болниците низ земјата. Од нив, значителен број се со тешки повреди од прострелни рани или од шрапнели.

Израелскиот министер за одбрана Joav Галант рече дека Израел ќе ја добие оваа војна против Хамас и дека изненадувачкиот напад од рано утринава е сериозна грешка на терористичката група.

„Хамас направи огромна грешка кога тргна против израелската држава. Нашите војници се борат против непријателите на секоја локација. Ги повикувам сите израелски граѓани да ги почитуваат безбедносните протоколи, а Израел ќе победи“,

рече Галант.

Високиот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф, го најави почетокот на нападот на медиумите кои се поврзани со оваа организација, при што ги повика сите Палестинци да земат оружје и да се борат, пренесува Ројтерс. Тој изјави и дека ова ќе биде денот на најголемата борба и последен ден од окупацијата на Палестина.

Како резултат на нападите загина една жена, а повредени се 16 лица, од кои две се во критична состојба. Во Тел Авив, според израелските медиуми, директно била погодена станбена зграда, а во градот биле запалени и десетици возила. Вооружените напаѓачи отвориле оган и во градот Сдерот на југот на Израел, каде што во моментот се водат улични битки помеѓу израелските војници и припадници на Хамас.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кинезите дигаат ветерници за само еден ден

Следно

Најмалку 22 Израелци загинаа во нападите од Појасот Газа

Latest from Blog

Министерствата за финансии и здравство со инвестиција од 92,7 милиони денари во скопската Клиника за физикална медицина

1 септември 2026 година, Скопје – Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за

Емилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!

фото: MonseteveHD | Deportes @canal_monseteve (X) Емилијано Мартинес испрати емотивна порака до Лионел Меси по одлуката на аргентинската легенда да стави крај на репрезентативната кариера. Голманот на аргентинската репрезентација му се заблагодари

ПОТРЕС ВО АРМИЈАТА НА САД – Висок функционер поднесе оставка, зад сè стои конфликт со една личност

Секретарот на американската Армија Ден Дрискол поднесе оставка до претседателот Доналд Трамп, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со случајот. Еден од изворите изјави дека одлуката не е изненадување, имајќи

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

По формалното предавање, на бродот ќе му биде дадено индонезиското знаме и новото име „КРИ Гаџа Мада“. Се очекува патувањето до Индонезија да трае повеќе од 20 дена, преку Суецкиот канал и
Go toTop