ВИДЕО: Итен повик за евакуација – Шест села пеплосани во пожарите во Албанија, ситуацијата се уште тешка

August 13, 2025
1 min read

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу.

-Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари продолжи без престан во текот на целата ноќ за да се ограничи периметарот на пламените јазици во близина на станбените области и националните паркови низ цела Албанија, напиша Венгу.

Додава дека „стотици локални припадници на службите за итни случаи и вооружените сили работат без престан во најжешките области Фуше Арез, Грамш, Тепелена, Дропул, Делвина и Финиќ“. Од синоќа голем пожар беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница, кај Дебар.

Според генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита, Хаки Чако, околу 10 илјади пожарникари, полициски службеници, припадници на армијата, доброволци се вклучени во гаснење на пожарите низ целата земја.

Како што пренесуваат медиумите во подрачјето на Грамш, 6 села се целосно изгорени, едно е зафатено од пламените јазици, а уште едно е многу блиску и постои опасност и тоа да биде зафатено. Министерството за одбрана на Албанија пред еден час информира дека поради брзо ширење на пожарите во Грмаш и Делвина, наредена е итна евакуација на населението на безбедно место.

-Тешка ноќ помина во градот Делвина, каде што голем пожар им се закануваше на жителите и локалната инфраструктура. Борбата со пламените јазици беше херојска, со учество на противпожарни сили од јужните општини, екипи од Тирана, армиски сили и локални жители, кои овозможија гаснење на пожарот во близина на градот, наведува Топ чанел.

Поради опасноста од пожарот да ја зафати и болницата, во текот на ноќта евакуирани се пациентите и се сместени во Кино-театарот во градот а дислоцирани биле и боците со кислород. Од загрозените делови на градот биле евакуирани жените, децата и старите лица, додека мажите останале и учествувале во локализирање на пожарот.

Во текот на ноќта, поради чадот и условите создадени од пламенот, 10 лица, меѓу кои и четири војници, добиле медицинска помош поради задушување во просториите на Кино театарот, каде што привремено е сместена службата за итна помош.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: Руските дневни загуби во војната изнесуваат околу 1.000 војници

Следно

Средба Ѓорѓиевски-Саити: Продлабочување на соработката со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица

Latest from Blog

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга, Мерко работи недомаќински

Поради недомаќинско работење на градоначалникот Рамис Мерко и целото раководство во Општина Струга не им стигнуваат блок дотациите за основните училишта, смета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Прашана за коментар

Божиновска: Исплатени се субвенциите за ранливите семејства

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводено од Сања Божиновска, започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма. Исплатата опфати 311 домаќинства со едно или повеќе деца со

Ѓорѓе Јовановиќ е автор на постерот на Скопски џез фестивал 2025

Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска.

Хармонија во движење: внатрешноста на новиот Audi Q3

Дигитална сцена: панорамскиот дисплеј вклучува 11,9-инчен виртуелен кокпит на Audi, 12,8-инчен MMI екран на допир и head-up дисплеј. Импресивно аудио искуство:  со дванаесет звучници со високи перформанси и 420 вати моќност на

Мицкоски и Меџити со пораки за братство и единство – 24 години Охридски договор

На свечената седница по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити упатија пораки за зачувување на духот на договорот, надминување на поделбите и градење
Go toTop