(ВИДЕО) Инцидент во Тајванскиот теснец: Кинески брод му го попречи патот на американски разурнувач

June 5, 2023
1 min read

САД наведуваат дека инцидентот се случил во саботата додека американскиот разурнувач „Чанг хун“ и канадската фрегата „Монтреал“ вршеле таканаречен транзит „слобода на навигација“ низ теснецот меѓу Тајван и континентална Кина

Американската морнарица објави видео за кое тврди дека покажува „опасен кинески маневар во Тајванскиот теснец“.

Според извештаите, бродот на кинеската морнарица нагло му го пресекол патот на американскиот разурнувач. Американската морнарица исто така тврди дека инцидентот се случил во текот на викендот и дека американскиот брод морал да ја намали брзината за да избегне судир.

САД наведуваат дека инцидентот се случил во саботата додека американскиот разурнувач „Чанг хун“ и канадската фрегата „Монтреал“ вршеле таканаречен транзит „слобода на навигација“ низ теснецот меѓу Тајван и континентална Кина, пишува АП.

Бидејќи Кина тврди дека демократски самоуправниот остров Тајван е дел од кинеската територија, таа исто така тврди дека теснецот е под кинеската ексклузивна економска зона, додека САД и нивните сојузници редовно пловат таму и го надлетуваат преминот.

Седмата флота на САД во саботата соопшти дека воените бродови „Чанг хун“ и „Монтреал“ вршеле рутински премин низ Тајванскиот теснец „во меѓународни води каде пловидбата и прелетувањето се дозволени во согласност со меѓународното право“, а Пентагон денеска соопшти дека кинескиот воен брод го пресекол текот на американскиот разурнувач на оддалеченост од околу 130 метри.

Видеото објавено од американската морнарица, исто така, покажува радио предупредување на англиски јазик упатено до кинескиот брод во кое се споменува „обид да се ограничи слободната пловидба“, иако точната формулација е нејасна поради звукот во заднина во кој доминира звукот на ветрот.

Кина директно не ги коментираше американските критики, а кинеското Министерство за надворешни работи сè уште не одговори на барањата за коментар за настанот.

Американско-канадската воена мисија во Тајванскиот теснец беше извршена во времето на големиот безбедносен самит во Сингапур, каде што американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја критикуваше Кина за одбивањето да води воени разговори со САД, што доведе до ќорсокак околу Тајван и територијалниот спорови во Јужното кинеско Море.

На безбедносниот самит во Сингапур, кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу предупреди дека менталитетот на Студената војна „повторно оживеа“ во азиско-пацифичкиот регион, иако, како што рече, неговата земја води дијалог наместо конфронтација.

Тој индиректно ги критикуваше САД, обвинувајќи ги „некои земји“ за интензивирање на трката во вооружување и намерно мешање во внатрешните работи на други земји.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина: Најмалку 19 загинати при уривање на дел од планина во провинцијата Сечуан

Следно

Ибра кон фановите на Верона кои го свиркаа: Продолжете да свирите, ова e најголемиот момент за вас оваа година! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop