ВИДЕО: Хаос во мексиканскиот Сенат – тепачка меѓу сенаторите за време на седница

August 29, 2025
1 min read

Седницата на мексиканскиот Сенат заврши со хаос во средата, откако меѓу сенаторите избувна физичка пресметка за време на дебата околу можната воена интервенција на САД во земјата.


Инцидентот се случи додека се изведуваше националната химна. Според снимките од преносот во живо, сенаторот Алехандро Морено, лидер на опозициската Партија на институционална револуција (ПРИ), се приближи до говорницата и го зграпчи претседателот на Сенатот, Жерар Фернандез Нороња, член на владејачката партија Морена. Настана турканица, а на снимката се гледа и како маж во одело се обидува да го удри Нороња, додека Морено соборува друг човек во зелена кошула на подот. Подоцна Нороња изјави дека станува збор за негов соработник, кој се појавил на прес-конференција со медицинска јака и завој на раката.

Морено, пак, на социјалните мрежи тврдеше дека реагирал бидејќи владејачката партија ја сменила агендата со цел да ја спречи опозицијата да зборува. „Кукавичлукот предизвика сè што се случи потоа. Да биде јасно – првата агресија дојде од Нороња“, напиша тој.


Нороња ги обвини опозициските сенатори за насилството, наведувајќи дека биле обединети против него. Тој најави дека ќе поднесе извештај против Морено поради закани со убиство и ќе побара негово исклучување, како и исклучување на другите опозициски претставници кои учествувале во инцидентот.

Ова не е првпат во мексиканскиот парламент да дојде до физички конфликт. Последен поголем инцидент беше забележан во 2006 година, кога избувна масовна тепачка меѓу пратениците непосредно пред инаугурацијата на тогашниот претседател Фелипе Калдерон по оспорените избори.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола организира весел настан за првачињата на 1 септември

Следно

Коверта со три куршуми испратена до министерот за внатрешни работи

Latest from Blog

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,
Go toTop