ВИДЕО: Ѓорѓиевски најавува соработка со Љубљана за модернизација на Скопје

August 29, 2025
1 min read

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари извонредна средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со цел зајакнување на соработката помеѓу двете престолнини.

На средбата се разговараше за конкретни решенија за предизвиците со кои се соочува Скопје, особено во областа на јавниот превоз и чистотата на градот. Градоначалникот Јанковиќ ја потврди поддршката на експертски тимови од Љубљана кои ќе помогнат во модернизацијата на Скопје и во други области каде што ќе се побара помош.

Ѓорѓиевски и Јанковиќ договорија интензивна соработка за креирање, планирање и спроведување европски проекти, како и зајакнување на капацитетите на градот. Особен впечаток на делегацијата од Скопје оставија посетите на словенечкото претпријатие за јавен превоз и фабриката за комунален отпад, каде се преработува отпадот од 46 општини низ Словенија.

 

„Љубљана е доказ дека со јасна визија, ред и посветеност може да се создаде град кој е чист, достоинствен и пријатен за живот. Се враќаме со нови идеи и силна мотивација да го направиме и нашето Скопје град со кој ќе се гордееме“, истакна Ѓорѓиевски.

Покрај тоа, двата градоначалници ја потврдија позицијата на побратимени градови и договорија официјална посета на Љубљана на делегација од Скопје.

Видеото може да го погледнете тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Треба да има повеќе мртви на демонстрациите, тоа треба да предизвика востание против Александар Вучиќ“

Следно

Меџити: Чаир не се купува, граѓаните ќе ја казнат ароганцијата на 19 октомври

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop