Меџити: Чаир не се купува, граѓаните ќе ја казнат ароганцијата на 19 октомври

August 29, 2025
1 min read

Меџити: Гласачот на Чаир е мудар и достоинствен, на 19 октомври ќе ја казни ароганцијата

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, остро реагираше на изјавата на противкандидатот од ДУИ, кој тврдел дека „ВЛЕН еден ден пред избори ќе ги купи гласовите во Чаир“.

Меџити, за време на средбата со спортисти од општината, изјави дека со таков речник Османи ги навредува и потценува граѓаните на Чаир, но и самиот се демаскира, признавајќи дека неговата партија ја градела власта врз купување и злоупотреба на гласови.

„Што значи тоа? Дека тој ги купувал гласовите за ДУИ? Смешно и неразбирливо е како еден поранешен министер не е благодарен кон гласачите на Чаир, кои со години му ја дале довербата“, изјави Меџити.

Тој додаде дека гласачот на Чаир е „мудар и достоинствен“ и дека „не се купува ниту се продава“. Според него, на 19 октомври токму тие граѓани ќе ја казнат ароганцијата и потценувањето.

Запрашан од медиумите за корупциски случаи поврзани со неговиот противкандидат, Меџити потсети на предметот „Пациент“, кој беше обработуван од Специјалното јавно обвинителство со поддршка од меѓународната заедница, како и на злоупотребите што ги утврди Државниот завод за ревизија во организацијата на Самитот на ОБСЕ.

„СЈО го обработи случајот ‘Пациент’, кој се однесува на болницата во Чаир и други здравствени установи. Исто така, Државниот завод за ревизија утврди неправилности и злоупотреби при организацијата на Самитот на ОБСЕ. Во такви случаи, Обвинителството е обврзано да постапи“, истакна Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Ѓорѓиевски најавува соработка со Љубљана за модернизација на Скопје

Следно

АНАЛИЗА: ,,Сличен на член 5‘‘ не ја исклучува опасноста од вовлекување на земји членки на НАТО во војна со Русија

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу
Go toTop