(ВИДЕО) Големи поплави во Словенија – евакуирани села, урнати мостови, блокиран сообраќај

August 4, 2023
1 min read

Силно невреме ја зафати Словенија во текот на ноќта, што предизвика големи поплави, излевање на реки и блокирање на сообраќајот во делови од земјата. Локалните медиуми пренесуваат дека евакуирани се цели села, а евидентитрани се илјадници несреќи.

Фото: Н1

Видеата и фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи се апокалиптични.

Н1 пренесува дека во Корушка реката Межа се излеала од коритата, а сирените се огласиле за општа опасност речиси на сите места.

„Пожарникарите или спасувачките служби не можат да стигнат до луѓето на многу места, бидејќи не можат да одат никаде. Одредени противпожарни бригади не можат ниту да ги напуштат противпожарните станици бидејќи патиштата се поплавени. Затоа е многу тешко да се помогне“,

изјави за Н1, командантот на цивилната заштита за Корушка, Алан Матијевиќ.

Пожарникарите во текот на ноќта претежно испумпувале вода од поплавените објекти, заштитиле неколку одрони и спасувале потопени возила од поплавените патишта, се вели во соопштението на Управата за заштита и спасување на Република Словенија.

Фото: Н1

Преку 15 илјади граѓани се оставени без струја, а како што пренесуваат медиумите, во тек се и спасувачки акции со хеликоптер, бидејќи многу луѓе се засолниле на покривите од куќите.

Поројни дождови се очекуваат и во следните часови, па во одредени делови од земјата е издаден црвен аларм.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мбапе одбил уште еден клуб, се појасно е дека Французинот го чека Реал Мадрид

Следно

ОХРИДСКО ЛЕТО ГО СЛАВИ 63. РОДЕНДЕН СО ВЕЧЕР НА ФАДО

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop