(ВИДЕО) Ги тестиравме електричните тротинети – новиот јавен градски превоз во Скопје

July 22, 2023
4 mins read

Дел од тестот помина „мазно“, но лично се уверивме и дека има проблеми. На пример, корисник да не може да го прекине возењето преку апликацијата која тарифира по изминато време (9 денари/минута)

Два месеци по стартот, од компанијата „Бин бин“ велат дека проблемите се решаваат во од. Велат и дека полека се намалува вандализмот кон тротинетите кој се појави на самиот старт

Сигурно сте ги виделе – на плоштади, паркинзи, пешачки патеки, а и во контејнери и на социјалните мрежи. Но, знаете ли како се користат електричните тротинети – новиот јавен транспорт во Скопје?

Прво, потребен ви е паметен мобилен телефон на кој ја инсталирате бесплатната апликација „Бин Бин“.

Префрлање пари на „виртуелниот“ паричник

Таму оставате лични и податоци од кредитна картичка, поточно префрлате пари на „виртуелниот паричник“ во апликацијата. Возењето чини 9 денари за минута, но доколку ставите 500 денари, добивате 100 денари гратис. Апликацијата не може да ви повлече пари од картичката, туку само од кредитот што самите го ставате во „виртуелниот паричник“.

Како се наоѓа слободен тротинет?

Откако ќе ги обезбедите парите, барате тротинет. На апликацијата има мапа на која со сина боја се обележани сите тротинети кои се во близина и се спремни да се користат. Тргнавме кон најблискиот, но кога стигнавме, тој не беше таму.

Мапа на слободни тротинети „во живо“

За среќа, на апликацијата се појави тротинет во близина, од другата страна на булеварот. Кога стигнавме, до него беше патник кој се обидуваше да го прекине возењето во апликацијата, а со тоа и тарифирањето, но софтверот не ги слушаше командите.

По неколку минути, младиот човек успеа да го стопира возењето, но апликацијата му одзеде пари и за време во кое тој не возеше.

Корисник на „Бин бин“ со проблеми да го прекине возењето

Ние си ја пробавме среќата со истиот тротинет кој беше проблематичен за претходниот корисник. Пред да се започне секое возење, потребно е да се пристисне „старт“ на апликацијата, потоа се скенира бар-кодот кој е поставен на самиот тротинет. Времето почнува да тече.

Тротинетот се вози како велосипед – по патека!

Тротинетите треба да се возат како велосипеди. Нашето прво тест возење беше во дел Скопје каде има велосипедски патеки и доволно широки тротоари, па немавме поголеми пречки во движењето.

„Пробно“ возење со тротинет на „Бин бин“

Но, на места каде е тесно треба да се внимава бидејќи на ист простор се среќаваат тротинетите, пешаците и велосипедистите. Ризикот е уште поголем во делови од градот каде мора се води на улица бидејќи нема тротоар.

Кругот кој го направивме низ Пајко Маало, околу адвокатската уличка, беше долг еден и пол километар. Времето потребно прво да се снајдеме, а потоа и да ја извозиме рутата изнесуваше речиси 13 минути или во пари – 117 денари. На пробното возење не се повтори проблемот со апликацијата.

Поспоро, но и (нешто) поевтино од такси

Со новостекнатото искуство влеговме во нов тест – да извозиме истовремено иста рута со тротинет и со такси.  

Крајна дестинација ни беше трговскиот центар во скопски Аеродром – „Три Бисери“, а тестот го направивме околу 14 ч. кога е гужва во сообраќајот во Скопје.

„Трка“ на такси со тротинет на „Бин бин“ од „ТЦ Мавровка“ до ТЦ „Три бисери“

По чекање од речиси 10 минути, таксито пристигна. Време беше за мини-трката.

Додека едниот од нас чекаше на семафори, другиот имаше слободен пат по вело-патека. Од појдовната до финалната точка има околу 2,5 километри. Прво, сепак, пристигна таксито, но за кратко пристигна и тротинетот.

Едно возење на оваа рута со електричен тротинет не чинеше 126 денари, додека, пак, таксито ни зема малку повеќе – 145 денари. Ова покажува дека, можеби, таксито е малку поскапа опција, но е малку побрза и поудобна.

Проблеми со апликацијата

Откако завршивме со возењето, се обидовме повторно да го вклучиме тротинетот, но тука се соочивме со првиот посериозен проблем.

Иако времето почна да тече, не можевме да се придвижиме со тротинетот кој остана заклучен. Со секој допир, тротинетот свиреше непрекинато. Парите ни се „цедеа“ од виртуелниот паричник, иако не можевме да мрднеме од место.

Проблем со апликацијата поради кои не можевме да го стартуваме тротинетот

Кога се обидовме да се обратиме до техничката поддршка забележавме дека менито е само на англиски јазик. Нема опција ниту за македонски, ниту за албански. Иако пишавме, одговор не добивме. Тротинетот остана заклучен, а времето и парите продолжија да се трошат.

И наеднаш, без најава, тротинетот самиот се отклучи.

Нашето искуство покажа дека возењето со тротинет се исплати доколку нема технички проблеми и тоа особено за релации каде не се движат автомобили или пак на подолги релации кога има сообраќаен метеж.

Проблемите се решаваат во од

Иако и самите наидовме на проблем со апликацијата, а на такво нешто се жалат и други корисници, извршниот директор на компанијата „Бин-Бин“, Висар Дурак, вели дека овие техникалии се решаваат во од.

Висар Дурак, извршен директор на „Бин Бин“ за Северна Македонија

Имаше такви ситуации каде што не можеа луѓето да ги исклучат, но автоматски системот кога ќе идентификува дека тротинетот стои 1 или 2 минути неодјавен, автоматски ги одјавува. Средствата кои се потрошени екстра од возењето, системот автоматски ги враќа“,

вели Висар Дурак, извршен директор на „Бин Бин“ за Северна Македонија.

За жалбите, пак, дека некогаш тротинетот одбива да вози побрзо од пет километри на час, Дурак објасни дека брзината се ограничува автоматски во места со голема фрекфенција на луѓе.

На прашањето, пак, зошто апликацијата е само на англиски јазик, Дурак одговори дека тоа е само формалност. Секоја порака од корисниците можела да биде на македонски или албански.

Тие корисници што претежно имаат некакви проблеми или прашања, слободно можат да пишат на нивен јазик и автоматски од хелп дескот ќе им се врати или пак ќе им се реши проблемот на тој јазик на кој е пишан“,

вели Висар Дурак, извршен директор на „Бин Бин“ за Северна Македонија.

А, иако тротинетите се секојдневна глетка на скопските улици повеќе од еден месец, јавната свест и општествената одговорност се уште се мисловна именка за дел од корисниците. Дурак вели – и понатаму регистрираат штети на тротинетите, но се намалуваат.

Висар Дурак, извршен директор на „Бин Бин“ за Северна Македонија

Почетокот беше еуфорија, се споделија многу слики од оштетувања и од фрлање на тротинети во Вардар, но после некое време почна да стивнува, но не дека е скроз намалена бројката. Има секојдневно некои мали оштетувања но се трудиме тие мали оштетувања да ги надминеме и истите да ги пуштиме во оптек“,

вели Висар Дурак, извршен директор на „Бин Бин“ за Северна Македонија.

Покрај во С Македонија, „Бин бин“ менаџира со електрични тротинети во уште 6 други земји во Европа. Во земјава, вели директорот, по успешниот проект со тротинетите, се планира проширување на бизнисот – односно изнајмување на електрични велосипеди и електрични автомобили.

Тротинетите на скопските улици се тука за да останат како релативно поевтина варијанта и новитет во превозот. На граѓаните е да одберат дали ќе ги чуваат, како што доликува на една метропола, или ќе преовлада пристапот – не е мое, нема зошто да се грижам за него.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВЕЧЕРВА ВО ШТИПСКИ ТЕАТАР ПРЕМИЕРА НА „ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО“ ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА РЕЖИСЕРКАТА ПОПЛАВСКА

Следно

Меси во 94. минута постигна гол првенец во дресот на Интер Мајами

Latest from Blog

Тошковски: Жестоко и сурово ќе одговориме на било какво сценарио за дестабилизација на Македонија

Сакам да упатам порака со сите оние кои што се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди. Впрочем, тоа

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме. „Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија,

Панче Тошкоски: Жестоко и сурово ќе одговориме на вакви дејствија што подгреваат меѓуетнички тензии

„Има најави и обиди кои ќе подгоруваат меѓунационална нетрпеливост, како што веќе сме најавиле и ова е доказ дека тоа се случува, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски по вчерашниот настан

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во поткастот Бизнис Муабети. -Пошта

Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за предизвикување етнички конфликт преку кој сакаат да дојдат на власт

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ
Go toTop