ВЕЧЕРВА ВО ШТИПСКИ ТЕАТАР ПРЕМИЕРА НА „ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО“ ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ НА РЕЖИСЕРКАТА ПОПЛАВСКА

July 22, 2023
1 min read

„Демонот од Дебар Маало“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска вечерва ќе има премиера во Народниот театар-Штип.

Пеце Ристески го игра берберот Коце, а играат и Марија Минчова-Андонов, Стефанија Митовска, Доријан Петров, Владимир Тулиев, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова-Дербов, Раде Рогожаров и Валентина Георгиевска.

„Берберот Коце за едни станува херој, за други демон од Дебар Маало. Но, од вечерва ‘Демонот од Дебар Маало’ може слободно да се најде и во штипско Горно Mаало или во кое било маало во Битола, Прилеп, Куманово“, велат штипските актери за претставата.

Режисерката Поплавска вели дека е презадоволна од соработката со комплетниот ансамбл на штипскиот театар кој ја прикажува втората претстава помогната од Министерството за култура, бидејќи првите две годинава беа самофинансирање од Центарот за култура „Ацо Шопов“.

„Претставата ќе го плени театарот затоа што овој ансамбл ги руши границите и стандардите и тој допрва ќе расте оти се работи за млади и талентирани актери. Јас како режисерка го имав најубавиот театарски процес досега“, вели Поплавска.

Музички соработник е Ристо Вртев, видеоанимации Емил Петро-Артериа, сценски движења Ирена Лозински и драматург е Габриела Коцева-Тулиева.

Претставата е четврта премиера годинава во Штипскиот театар и со неа се завршува полусезоната. Репризите ќе бидат наесен.

Т. ЈОВАНОВСКИ

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кримскиот мост мора да се неутрализира, вели Зеленски

Следно

(ВИДЕО) Ги тестиравме електричните тротинети – новиот јавен градски превоз во Скопје

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop