(ВИДЕО) Европратеници бараат оставка од Вархеји, го обвинуваат дека ги нарекол идиоти

February 15, 2023
2 mins read

Инцидентот се случил додека унгарскиот комесар одговарал на низа прашања што му ги поставувале европратениците, а кои биле во фокус на зајакнувањето на политиката за проширување на Западен Балкан. Вархеји потоа седнал и, најверојатно, заборавајќи да го исклучи својот микрофон, на унгарски јазик рекол: „Уште колку идиоти останаа?”

По инцидентот, Вархеји објави дека жали за недоразбирањето што настанало околу неговата забелешка за време на седницата на Европскиот парламент, која, како што кажа, била извадена од контекст

Дел од пратениците во Европскиот парламент (ЕП) побараа оставка од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји обвинувајќи го дека тој на вчерашната пленарна седница на парламентот, одговарајќи на прашања од европратениците, ги нарекол идиоти, јави Еуроњуз.

Инцидентот се случил додека унгарскиот комесар одговарал на низа прашања што му ги поставувале европратениците, а кои биле во фокус на зајакнувањето на политиката за проширување на Западен Балкан, каде што повеќето земји се официјални кандидати за пристап во Европската Унија.

Седницата на ЕП траела околу час и половина кога кон крајот за збор се јавил хрватскиот европратеник Томислав Сокол, обвинувајќи ја Србија оти се однесува како хегемон во регионот и се меша во внатрешните работи на Црна Гора. Сокол потоа ја осудил Србија оти не воведува санкции против Русија како одговор на војната во Украина и прашал дали ЕУ е подготвена да ги прекине пристапните преговори додека Србија не ги исполни сите услови.

На ова, Вархеји рекол дека Србија е обврзана со истите услови како и секој друг кандидат за членство во ЕУ, а дека неусогласеноста со надворешната политика не е дел од критериумите врз основа на кои може да се прекинат пристапните преговори.

Вархеји потоа седнал и, најверојатно, заборавајќи да го исклучи својот микрофон, на унгарски јазик рекол: „Hány hülye van még?“, што се преведува како „Уште колку идиоти останаа?”

Аудиото и преводот се верификувани од изданието на Еуроњуз на унгарски јазик.

Медиумот пишува дека забелешката на унгарскиот комесар првично останала незабележана од службите на Европарламентот, додека унгарскиот европратеник Шандор Ронаи, кој припаѓа на социјалистичката група, не објавил видео од изјавата на Вархеји на својот профил на Твитер, што предизвикало бурни реакции кај другите членови на парламентот.

По инцидентот, Вархеји објави дека жали за недоразбирањето што настанало околу неговата забелешка за време на седницата на Европскиот парламент, која, како што кажа, била извадена од контекст.

„Искрено жалам за недоразбирањето околу мојата забелешка на пленарната седница на Европскиот парламент на 14 февруари 2023 година. Забелешката беше поврзана со приватен и тековен разговор на унгарски меѓу мене и мојот шеф на кабинет за сосема друга работа, која беше извадена од контекст. Се извинувам за евентуалното недоразбирање околу тоа“,

се наведува во извинувањето на еврокомесарот и се додава оти тој ги почитува сите институции на ЕУ, вклучително и Европарламентот и пратениците.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пожар во Визбегово, смрдеа и чад забележливи и од Карпош

Следно

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕПОЛОВИ СЕЛО ВО ТУРЦИЈА – распуканата земја е застрашувачка, јужниот дел од селото е отцепено за два метри (ВИДЕО)

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop