(ВИДЕО) Двајца мажи извлечени од урнатините по 261 час

February 17, 2023
1 min read

Двајцата мажи биле повредени и многу исцрпени, па спасувачите ги однеле во ургентен центар, додека луѓето околу нив аплаудирале на уште едно чудесно спасување

Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години биле извлечени живи од рушевините во градот Антакија, по цели 261 час од почетокот на земјотресот.

Екипите стигнале до Мустафа Авџи и Мехмет Али Сакироглу, кои биле затрупани под урнатините на болницата, јавуваат турските медиуми.

Тие биле повредени и многу исцрпени, па спасувачите ги однеле во ургентен центар, додека луѓето околу нив аплаудирале на уште едно чудесно спасување.

Турскиот министер за здравство на Твитер напиша дека Мустафа веднаш по извлекувањето инсистирал да им телефонира на роднините. Спасениот човек по давањето првична медицинска помош во монтажна болница, е пренесен во медицинска установа, напиша Коџа на Твитер.

Претходно по 260 часа поминати под урнатините беше спасен дванаесетгодишниот Осман Халебије.  

Единаесет дена по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, бројот на загинати е повеќе од 43 000 луѓе. Турските власти соопштија дека најмалку 38 044 луѓе загинаа во земјотресите што ја погодија земјата, додека сириската влада и Обединетите нации соопштија дека во Сирија загинале повеќе од 5 800 луѓе.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

В недела бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Следно

Недостaпен е неколку дена: Ни трага, ни глас од кинескиот милијардер Фан Бао

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop