ВИДЕО: Драматична ситуацијата со пожарите во Албанија, пеплосани села, две жртви и повеќе повредени

August 12, 2025
1 min read

Од Грамш, каде што внимателно ги следи операциите за гаснење на пожарите што го зафатија ова подрачје, и кои се вон секаква контрола, албанскиот министер за одбрана, Пирот Венгу, за медиумите рече дека „динамична е ситуација низ целата земја“.

Според него се врши евакуација на жители од повеќе села во Грамш и Пуличан, од каде до сега се евакуирани над 300 лица.

-Нивните животи се наш приоритет. Локалните сили и вооружените сили ќе продолжат во гаснењето, како што беа сите овие денови. Имаме 1300 локални пожарникари, над 1000 армиски сили распоредени низ целата земја. Само во подрачјето на Грамш од воздух се гасни со четири хеликоптери, рече Венгу.

Тешка е состојбата и во Тепелена, Финиќ, Делвина, Дропул каде пламените јазици се приближуваат до населени места.

-Селата Кулолас, Блетез, Менколар и Шимар, кај Грамш, чии жители претходно беа евакуирани, се целосно пеплосани. Во болницата во Грамш е и првиот човек на Националната итна помош, Скендер Братај, кој рече дека животот го загубиле две лица а осум се повредени. Екипа на брза помош и пожарникари се обидуваат да спасат жена и две деца кои се заобиколени од пожар што интервенцијата на прави тешка, објавија медиумите.

Апел да ги следат апелите на надлежните и да соработуваат со нив до жителите упати и шефот на државата Бајрам Бегај.

„Ги поканувам сите граѓани, особено жителите на општина Грамш, каде што ситуацијата е покритична, да соработуваат и да придонесат рамо до рамо со структурите за цивилни вонредни состојби, пожарникарите, вооружените сили и полицијата, кои работат и се жртвуваат за да го заштитат животот и имотот “, апелираше претседателот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лацио, Рома, Порто доаѓаат на турнир за млади категории во Куманово!

Следно

За рамнотежата меѓу политичките обврски и семејството, за секојдневните навики, ,,ритуали”, интервју на пратеничката Стаменкоска Трајкоска за Хит портал

Latest from Blog

Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра

„Согласно податоците на Државниот завод за статистика за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст и достигна 416,7 милиони евра, што претставува зголемување од околу 85 милиони евра во споредба

Лашкоска на средба со млади од регионот: Младите се партнери во зелената транзиција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа едукативна работна средба со група млади учесници, организирани од младинската

Проданоски: Продолжува уредувањето на улиците во Прилеп за граѓаните

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите
Go toTop