(ВИДЕО) Демонстранти фрлаа јајца кон Владата и обвинителството – „Ќе се најдат некои кои за пари ќе уништат живот на човек“

September 4, 2023
1 min read

„Јас знам за мојата мајка, секој ден гледав да ѝ го продолжам животот и на крај ќе се најдат некои директори, министри, убијци кои за моќ и сопствени пари ќе го уништат животот на човекот“, зборуваше еден од говорниците на протестот

Дождот што врне вечерва во Скопје не ги спречи демонстрантите да го продолжат протестот од пред Владата кон зградата на Јавното обвинителството.

Протестот се одржува по последните медиумски објави и отворената предистрага за случувањата на Клиниката на онкологија, каде што има сомнежи дека се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, додека на пациентите им се давал физиолошки раствор.

Кон обвинителството демонстрантите стигнаа движејќи се по рута преку мостот „Гоце Делчев“ и скандирајќи „оставка“ и „убијци“.

Пред да се упатат кон следната дестинација, имаше едноминутен молк за починатите пациенти на Онкологија, а дел од демонстрантите со јајца гаѓаа кон владината зграда, а истото го направија и кон објектот на обвинителството.

Додека беа пред Владата, на микрофон се обратија неколку говорници кои го споделија своето искуство со Клиниката за онкологија.

„Ќе се изборам за сите други, ако не успеав за мајка ми. Народот е тој што може да пресуди. Не дај Боже во оваа држава да се разболиш, нема кој да те лечи. Без разлика на вера или нација, да застанеме сите заедно“, рече една од говорничките.

„Оваа Влада, ова Министерство за здравство, Онкологија… тоа е мафија. На човек кој се бори за живот, на човек на кого секој ден му е битен… јас знам за мојата мајка, секој ден гледав да ѝ го продолжам животот и на крај ќе се најдат некои директори, министри, убијци кои за моќ и сопствени пари ќе го уништат животот на човекот. Не знам како да ви кажам, болката е преголема“,

зборуваше друг од говорниците.

Пред обвинителството демонстрантите продолжија да скандираат „Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Место на злосторот“, а додека на асфалтот пред Владата со црвена боја испишаа „Убијци“, пред обвинителстовото напишаа „Соучесници“.

Додека пред владината зграда можеа да се забележат членови и активисти на Левица, пред обвинителството во првиот ред се појави и партискиот лидер Димитар Апасиев.

Предистрага за случувањата на Клиниката за онкологија беше отворена во петокот. Се вршеа претреси во здравствената установа, како и во два приватни стана во Скопје. Беа одземени документи и компјутери.

За случајот, минатиот месец неделникот „Фокус“ објави серија текстови за постоење разработена криминална бизнис-мрежа за препродавање на скапи лекови – цитостатици. Во мрежата, наводно, биле вклучени повеќе лекари и медицински персонал на Клиниката. Во системот, според пишувањата на неделникот, се внесувале фиктивни пациенти, а на дел од вистинските пациенти им се давала половична терапија и на тој начин скапата биолошка терапија завршувала на црниот пазар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на Агенцијата за филм на средба со филмските работници: Филмска продукција ќе има, продолжува поддршката на македонскиот филм

Следно

Манев: Верувам во добар резултат против Италија

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop