(ВИДЕО) Британски медиуми јавуваат за скандал на аеродромот во Северна Ирска: Бајден го турна Сунак

April 12, 2023
1 min read

На видеото се гледа како Бајден накратко го поздравува Сунак по излегувањето од авионот, а потоа го турка настрана за да го поздрави претставникот на кралот во округот Антрим, Дејвид Мекоркел и да ја прегрне американската амбасадорка во Велика Британија, Џејн Хартли

Американскиот претседател Џо Бајден покажа непочитување кон британскиот премиер Риши Сунак, за време на средбата на воениот аеродром во близина на Белфаст во Северна Ирска, каде што слета американскиот претседателски авион, објавија британските медиуми.

„Веднаш по слетувањето, американскиот претседател студено го поздрави, а потоа го оттурна премиерот, а многумина го сфатија тоа како навредлив дипломатски гест“,

забележуваат британските новинари.

На видеото се гледа како Бајден накратко го поздравува Сунак по излегувањето од авионот, а потоа го турка настрана за да го поздрави претставникот на кралот во округот Антрим, Дејвид Мекоркел и да ја прегрне американската амбасадорка во Велика Британија, Џејн Хартли.

„Тоа требаше да биде посебен момент за Риши Сунак… Но, премиерот се најде во непријатна ситуација“,

објави Дејли Меил.

Во вторникот, Бајден пристигна во четиридневна посета на Велика Северна Ирска за да ја одбележи 25-годишнината од мировниот договор и крајот на триесетгодишното крвопролевање, пренесува Н1.

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN / POOL

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо доби понуда од 100 милиони евра

Следно

Во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот интегритет и работен простор

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop