Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

July 12, 2026
2 mins read
ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/

Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам е КРАЛОТ на Англија со два гола. Норвешка имаше водство од 1:0, имаше шанса да направи уште една сензација, но сепак мораше да му честита на победникот.

Хари Кејн го одигра 120 меч за Англија, со што се израмни со Вејн Руни, уште на првото место е Питер Шилтон со 125 настапи.

Во полуфиналето, во битката големото финале, “Трите лава“ ќе играат со победникот од дуелот Аргентина – Швајцарија.

Ова средба од четвртфиналето започна со мирна игра, посед на Англија, но далеку беше тоа од некоја опасност по голот на Норвежаните.

Првата закана ја упати Белингам во 19.минута, потоа О`Рајли не се снајде најдобро, па Кејн од слободен удар шутираше над голот. Халанд на спротивната страна беше тивок, но се до киксот на Стоунс во 34.минута, кога не успеа да го совлада Пикфорд.

И така беше се до 36.минута кога Шјелдруп од нигде никаде, од лево со магичен гол ги шокираше “Трите лава“ за 1:0 за Норвешка. Неколку минути подоцна малку фалеше да биде 2:0, но Серлот беше многу себичен. И тоа го казни Белингам во 45+2.минута кога Белингам убаво се снајде пред голот на Ниланд и донесе 1:1. Норвежаните се бунеа, сметаат дека топката прво удрила во кабел. Протестираше и селекторот Солбакен, но голот остана да важи. Навистина бизарен момент. Во последните секунди од првиот дел Кејн постигна гол, но поради офсајд истиот оправдано беше поништен, па така со тие 1:1 се замина на пауза.

Во продолжение од средбата и тоа како мечот се “отвори“, и едните и другите се обидуваа да дојдат во водство.

Се играше 55.минута кога по една мешаница Хегем успеа да постигне гол, но по реакцијата на ВАР, судијата Турпан ја поништи радоста на Норвежаните. Имало фаул од Халанд пред да се изведе корнерот.

По тој момент Норвешка играше висок пресинг и беше поопасна, на четата на Томас Тухел тешко и одеше во креирање на опасни закани кон голот на Норвешка.

Во 76.минута Ајер ја погоди пречката на Пикфорд, а на другата страна не стигна да ја зафати Андерсон, тоа беше убава шанса за Англија. Сака во 87.минута прекрасно нафрли од десната страна, тоа беше сигурен гол, но Аурсен во последен момент реагираше пред Езе и ја спаси Норвешка. А во 90.минута Ниланд напрви голем кикс, малку недостигаше Спенс да казни и да и донесе победа на Англија.

Но по 90+8.минути откако немаше победник на овој меч во Мајами, се играа продолженија 2Х15 минути.

И во таа 93.минута или третата од првото продолжение, Белингам со уште еден гол, шести на Мундијалот, донесе водство од 1:2 за Англија. Не минаа неколку минути кога Турпан покажа пенал за Англија, но по реакцијата од ВАР и гледањето на снимката, истиот беше поништен.

Колку беше исцрпувачки овој меч, најдобро кажува фактот дена по првото продолжение Халанд поради исцрпеност, мораше да го напушти теренот.

И тоа беше тоа, по четврти пат во историјата Англија е во полуфинале.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Следно

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Latest from Blog

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови. Според податоците на

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот
Go toTop