(ВИДЕО) Бајден се сопна и падна на дипломска церемонија

June 1, 2023
1 min read

Тој останал долу неколку секунди пред офицер на воздухопловните сили и двајца агенти на Тајната служба да му помогнат да стане

Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачи последната диплома на церемонијата на дипломирање на американската академија на воздухопловните сили.

Бајден се сопнал и паднал на земја додека се свртел налево за да се ракува со офицер по неговиот говор. Тој останал долу неколку секунди пред офицер на воздухопловните сили и двајца агенти на Тајната служба да му помогнат да стане.

Откако станал, Бајден се вратил на местото каде што седел. Во моментот кога станал, Бајден покажувал нешто зад себе, веројатно од што се сопнал, пишува Ројтерс.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер потврди дека Бајден е добро.

„На сцената имаше вреќа со песок“,

објасни ЛаБолт.

По паѓањето на Џо Бајден се огласи и поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој рече „Се надевам дека не е повреден“.

Бајден се кандидира за реизбор во 2024 година. Лекарите го прогласија за здрав и способен за должност по физичкиот преглед во февруари. Сепак, ова не е прв пад на актуелниот американски претседател во последно време.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИКЕНДОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК – иако ќе имаме големо разочарување за споениот викенд, сепак ни доаѓа највисоката температура досега!

Следно

Кристијано Роналдо објави каде ќе игра следната сезона

Latest from Blog

Пресврт: Сепак ништо од предавањето на оружјето?

Палестинското милитантно движење Хамас успеа да отстрани од својот предложен план за преминување во втората фаза од планот за Газа формулирања што би можеле да се протолкуваат како барање за предавање на

Попладнево итно опериран Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, попладнево итно е опериран во Клиничката болница „Систина“ дознава 24инфо. Според првичните информации, станува збор за оперативен зафат поврзан со карцином. Повеќе детали за неговата

Барана стока за време на Мундијалот…. Мексико заплени три тони кокаин

Очигледно дека огромниот број на туристи односно навивачи кои што пристигнаа во Мексико, САД и Канада по повод Мундијалот, потикнаа многу бизниси, легални но очигледно и нелегални. Мексиканската полиција соопшти дека за

Мицкоски: Ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да биде кандидат за претседател на државата, нагласувајќи дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата кон нова убедлива победа на
Go toTop