Вевчански карневал од 12 до 14 јануари, функционерите и политичарите што правеле негативни работи ќе може да се видат

January 9, 2024
1 min read

На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

Карневалот завршува на 14-ти, со традиционалното палење на маските.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на денешната прес-конференција информираше дека оваа година фестивалот добива поддршка од 1,8 милиони денари.

-Вевчанскиот карневал е нематеријално културно наследство на Република Северна Македонија и како таков мораме да го држиме. Само вака можеме да покажеме дека заедно се грижиме за културното наследство, дека продолжуваме да ги негуваме обичаите кои што ги претставува Вевчанскиот карневал, затоа што со поддршка на Карневалот кој претставува културна туристичка атракција од овој регион го поддржуваме иновативниот дух на Вевчани. Морам да кажам дека едвај го чекам и почетокот на самиот Карневал и во исчекување на тоа ново издание на репертоарот од маски, на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, на глупиот Август како и на новите сатирични коментари кои се здрав коректив на општеството, посочи министерката.

Промоторот на фестивалот Игор Џамбазов посочи дека на Вевчанскиот карневал присуствуваат најкреативните луѓе во земјава кои знаат да направат шега и смеа од се.

– Ако влезете на Википедија ќе видите дека според некои записи, фестивалот е стар речиси 15 векови, 1.460 години, а според некои артефакти пронајдени од Горна Белица, се претпоставува дека постои повеќе од 2.000 години. Првиот Вевчански карневал се одржал 900 години пред Колумбо да ја открие Америка, рече Џамбазов.

Рече дека очекуваат многу гости, најавено е присуство на Норвешка телевизија која треба да прави патописна репортажа за земјава и одбрала три пункта – Хераклеа, Охрид и карневалот во Вевчани. Исто така, ќе дојде и Путриота, еден од најпознатите блогери на овие простори кој патува по светот и снима репортажи.

Градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски потенцираше дека Вевчанскиот карневал е име и бренд, и дека треба да биде гордост за секоја власт и министер.

– Имаме гости од цела Европа, новинари се присутни секоја година. Има докази дека карневалот се одржувал онолку колку што е старо и Вевчани. Карневалите тогаш се одржувале, бидејќи луѓето на тој начин одговарале на природните непогоди што ги наоѓале, суша, глад, болести. Со текот на времето се формирала администрација, се формирала држава и сега Вевчани е место каде што сите функционери и политичари, оние што цела година правеле негативни работи, истите можат да се видат на карневалот, без навреда. Вевчанскиот карневал нуди хумор и сатира, додаде Кочовски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на полицијата бара зголемување на платата за 15 проценти

Следно

Украина ја спаси хаубицата

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop