„Верувам дека има проевропски политичари и надвор од владеачката коалиција“, рече Ковачевски

October 26, 2023
1 min read

реклама


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на седницата за пратенички прашања, уште еднаш кажа дека опозицијата треба да собере храброст и да покаже дека е за Македонија да го продолжи патот кон ЕУ, а не да дозволи опасност да се најдеме во друштво со Косово и БИХ, кои според Ковачевски се далеку позади нас во евроинтеграцискиот пат.

„Верувам дека има проевропски политичари и надвор од владеачката коалиција. Да не дозволиме да се доведеме до ниво да бидеме ставени во ист кош со Косово и БИХ, за кои ЕУ некогаш можеби ќе се врати за интеграција. Одговорноста ќе има има и презиме, како што има одговорност зошто државата беше заглавена 11 години, 17 години чекаше членство во ЕУ, и сето тоа има име и презиме и лична одговорност. Треба да престанат лагите од опозицијата, која повторно игра на картата на патриотизам, кој треба да е замена за носење на одлуки кои значат европска иднина на државата. Повторно нереализираните проекти во општините се покриваат со одлуки за патриотски чувства на граѓаните, повторно она што не им е испорачано за ветување од последните локални избори, се покрива со чувство на лажен патриотизам на кој луѓето треба да се греат, а на крај ќе сфатат дека горат нивните чевли. Затоа сметам дека одлуките треба да бидат во Собранието сега, за да може 2030 година да бидеме земја членка на ЕУ“, изјави Ковачевски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Израел се обидува да ги легитимизира масакрите споредувајќи го Хамас со ДЕАШ“

Следно

Блек рок бараат потпретседател во Србија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop