Веро и потрошувачите обезбедија 8.500 евра за СОС Детско село

March 1, 2024
1 min read

Во рамките на донаторската акција „Заокружи сметка“ организирана од компанијата Веро, годинава се обезбедени 528.812 денари (околу 8.500 евра) за децата од СОС Детско село. Традиционално, трета година по ред, Веро ја организира оваа акција во своите маркети со цел  да го поттикне индивидуалното донаторство, но и да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за децата без родители и родителска грижа.

Под мотото „Биди дел од детската радост“, во периодот од 1 декември до 15 јануари сите потрошувачи во Веро имаа можност да ја „заокружат“ својата сметка на каса со дополнителен износ по свој избор за хуманитарна цел, односно како донација за СОС Детско село. На тој начин, потрошувачите добија можност да подарат насмевка за секое дете и да обезбедат подобра иднина за сите.

Донаторскиот чек во име на Веро и потрошувачите го предаде Милана Петковски, маркетинг директор на Веро.

Како општествено одговорна компанија сметаме дека помагањето и поддршката на ранливите групи во општеството, особено на најранливата категорија, децата без родителска грижа, треба да биде дел од културата на живеење на секој од нас. Водени од оваа цел, трета година по ред организираме хуманитарна кампања за поддршка на СОС Детско село. Особено сум горд што како компанија внесовме еден иновативен концепт за поттикнување на индивидуалната филантропија, преку кој покажуваме дека позитивните промени се можни, само треба да сакаме да ги направиме. Токму затоа Веро ќе продолжи и во иднина, преку различни кампањи и донаторски акции, да овозможува поддршка за СОС Детско село – истакна Петковски.

Силвија Брајовиќ од СОС Детско село ги сподели зборовите на основачот и идеолог на СОС Детско село, Херман Гмајнер, кој вели „Лесно е да чиниш добро кога многумина помагаат“.

Овие зборови уште повеќе добиваат на тежина после една ваква благородна акција на Веро маркетите и нашите граѓани. Од срце благодариме за секоја донација од многубројните граѓани кои ја препознаваат важноста на нашата мисија – топол дом, грижа и љубов за секое дете. Голема благодарност и до нашиот стратешки партнер Веро кој веќе трета година нѐ поддржува преку организирање хуманитарни кампањи во нивните продажни места. Воедно, изразуваме и благодарност до 22 вработени во Веро, нашите амбасадори, кои овозможија нашата порака полесно да стигне до голем број граѓани. Веруваме дека и други компании ќе го следат овој пример и ќе придонесат за уште повеќе детски радости и насмевки – рече Брајовиќ.

Годинава кон донацијата за СОС Детско село се приклучи и Киро Сечков, среќниот добитник на главната премија од новогодишната наградната игра на Веро, кој дел од средствата за „годишниот шопинг на сметка на Веро“ ги пренамени за дечињата без родители и родителска грижа.

Хуманитарната акција која го поттикнува индивидуалното донаторство е уште еден доказ дека индивидуата има голема моќ и можност да дејствува и прави промени во различни области од општественото живеење.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Имав мандат без корупциска афера, непотизам и судир на интереси

Следно

Лекарите ги повикуваат родителите да ги вакцинираат децата

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop