Велковски: Младите заминуваат од државата заради системот, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради функционален систем

November 20, 2024
1 min read

„Најгорливо прашање како да се намали трендот на иселување на младите од државата. Јас би тргнал од демографската политика. Демографијата како целина значи голем проблем кој треба да го решаваме, важно е да се воспостави систем на мерки кои ќе значат прво забавување на темпото на ваквата демографија која ја имаме за жал во моментов. Не само Македонија тоа е слика и на Балканот и во Европа, доколку ги погледнеме статистиките“ , изјави заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на вечерашното гостување на поткастот „ВМРО ДПМНЕ Зборува“.

Велковски додаде дека со низа на мерки и активности може да се подобри ситуацијата. Дополнително истакна дека станува збор за прашање кое со заеднички напор со останатите чинители ќе се направи намалување на трендот на иселување на младите од државата.

„Меѓутоа со сет на мерки и активности сметам дека може да тргнеме кон подобрување на ваквата ситуација. Ако не се превземат сет на мерки нема да зборуваме за детски градинки, ќе зборуваме претпоставувам за домови за стари лица доколку не превземеме одредени чекори. Затоа сме исправени пред предизвикот да ова прашање го отвориме, го разговараме од сите сфери, заедно со останатите министерства која треба дадат предлози и решенија. Заеднички ќе се вложиме како држава со сет на мерки кои се предвидени во програмата“, дециден беше Велковски.

Велковски посочи дека младите не заминуваат од државата заради потребата од средства, туку дека системот е главниот виновник. Истакна дека младите сакаат ред и вреднување на нивниот глас од страна на државата.

„Како би ги спречиле младите да не заминуваат од нашата држава? Младите од Македонија не заминуваат заради средства, заминуваат затоа што во државава немаше систем, немаше квалитет на живот. Не сакаат да чекаат за пасош еден месец, младите сакаат систем, ако е законски 15 дена за тоа време и да го добијат документот. Таква е динамиката на животот, младите сакаат ред и мислам дека од главните причини што заминуваат во светот е затоа што има систем се почитува нивниот глас“, додаде Велковски.

Велковски ја истакна потребата од градење на систем кој ќе им овозможи на младите да имаат доверба во државата. Да се изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и ќе им даде сигурност да се градат и развиваат во нашата држава.

„Треба да го промениме тоа, ќе се направи систем каде ќе се почитуваат сите работи, системот да опстои. Мора да градиме држава на систем, само така Македонија ќе ја видиме успешна и подобра а младите ќе го препознаат тоа и ќе бидат дел од нашата држава“, заклучи Велковски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски на средба со ЕБОР: Решителни сме да ги завршиме проектите во патната и железничката инфраструктура

Следно

Трамп го именуваше Метју Витакер за нов американски амбасадор во НАТО

Latest from Blog

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари

Шумски пожар во хрватската област Истра зафати стотици хектари трева и ниска вегетација, а пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија, пренесува хрватскиот портал Индекс. Пожарот избувнал вчера попладне и, поттикнат

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата  кој се сомничи за примање поткуп

Министерот Стоилковиќ оствари работна средба со претседателот на КСЗД

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предводена од претседателот Лимко Бејзароски. На средбата

Мурати за нов закон за правична застапеност од Вреди: Не верувам дека имаат добро решение, скептичен сум дека во блиско време ќе се донесе!

Поранешниот претседател на Уставниот суд и пратеник од Европскиот Фронт, Сали Мурати денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори во однос на најавата на албанската коалиција Вреди дека се припрема нов
Go toTop