Велика Британија распоредува борбени авиони на Блискиот Исток во услови на растечки тензии меѓу Израел и Иран

June 14, 2025
1 min read

Велика Британија распоредува борбени авиони и воена опрема на Блискиот Исток, откако Иран ја предупреди дека нејзините бази во регионот ќе бидат мета доколку им помогне на Израел во тековниот конфликт, јави Скај њуз.

Британскиот премиер Киер Стармер, кој денеска отпатува на Самитот на Г7 во Канада, не ја исклучи можноста за воена поддршка на Израел, како што тоа се случи минатиот октомври кога Иран изврши балистички напад.

Иако Лондон досега не се вклучил во воените дејствија што Израел ги почна вчера, премиерот одби да даде конкретен одговор дали Британија повторно би интервенирала.

– Не би сакал да навлегувам во тоа, изјави Стармер на новинарско прашање за време на летот кон Канада.

– Станува збор за оперативни одлуки, а ситуацијата се развива и е многу динамична. Но, веќе префрлуваме капацитети во регионот, вклучувајќи и авиони, за да бидеме подготвени за различни сценарија. Тоа веќе се случува, рече тој.

Стармер, исто така, одби да коментира дали Лондон имал претходна најава за израелските напади кои доведоа до најинтензивните судири меѓу Тел Авив и Техеран во последниве децении.

– Нема да откривам какви информации имавме тогаш или оттогаш. Секако, интензивно разговараме со нашите сојузници, но нема да навлегувам во детали. Размената на информации е постојана, и со нив, и со САД, додаде британскиот премиер. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија

Следно

Претежно сончево и топло – температурите до 34 степени!

Latest from Blog

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство
Go toTop