Велика Британија нема да продолжи со напорите да ја оспорува јурисдикцијата на МКС над израелските водачи

July 26, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија објави дека нема да продолжи со напорите да го доведува во прашање тоа дали Меѓународниот кривичен суд (МКС) има јурисдикција да издаде налог за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, јавува Анадолу.

Одлуката е донесена откако обвинителот на МКС, Карим Кан, во мај објави дека побарал налози за приведување на израелскиот премиер Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за воени злосторства.

Судските документи објавени во јуни открија дека Британија, земја членка на МКС, првично поднела барање да поднесе писмени забелешки за тоа дали Судот може да врши јурисдикција над израелските државјани, имајќи предвид дека Палестина не може да врши кривична јурисдикција над израелските државјани според Договорот од Осло.

Оттогаш, Британија избра нова Влада предводена од Лабуристичката партија.

Како што пренесува „Гардијан“, портпаролката на премиерот, Кир Стармер, потврдила дека претходната Влада не поднела предлог пред изборите на 4 јули.

„По поднесокот на МКС, можам да потврдам дека Владата нема да го следи (предлогот) во согласност со нашата долгогодишна позиција дека ова е прашање на Судот да одлучи“, изјави портпаролот за новинарите.

Според локалните здравствени власти, убиени се речиси 39.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 90.400 се повредени.

По повеќе од девет месеци од почетокот на израелскиот напад огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кампањата на Трамп фатена неспремна од повлекувањето на Бајден

Следно

Ердоган: Целиот свет виде како во американскиот Конгрес му се аплаудира на геноциден убиец

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop