Велика Британија го отфрли тврдењето на Путин за муниција со осиромашен ураниум

March 21, 2023
1 min read

По разговорите во Москва со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, Путин рече дека Русија „соодветно ќе одговори“ доколку Британија испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина

Велика Британија го обвини рускиот претседател Владимир Путин за намерно ширење лажни информации, откако тој рече дека Обединетото Кралство ја снабдува Украина со „нуклеарно оружје“, јави ДПА.

По разговорите во Москва со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, Путин рече дека Русија „соодветно ќе одговори“ доколку Британија испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Министерството за одбрана го отфрли предупредувањето и рече дека оклопните проектили биле стандардна опрема со децении и дека „немаат никаква врска со нуклеарно оружје или такви способности“.

На прес-конференцијата со Си, рускиот лидер се осврна на британските планови за испраќање „проектили со осиромашен ураниум“ во Украина заедно со главните борбени тенкови „челинџер 2“.

„Се чини дека Западот навистина има намера да војува со Русија до последниот Украинец. Ако тоа се случи, Русија соодветно ќе возврати бидејќи колективниот Запад ќе почне да користи оружје со нуклеарна компонента,

рече Путин.

Тој не прецизираше каков ќе биде конкретниот одговор на Русија во оваа ситуација.

Во врска со ова, портпаролот на Министерството за одбрана во Лондон изјави дека покрај обезбедувањето ескадрила од главни борбени тенкови „челинџер 2“ за Украина, Британија ќе обезбеди и муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум. Таквите патрони се исклучително ефикасни во напад на модерни тенкови и оклопни возила.

„Со децении, британската војска користи осиромашен ураниум во своите оклопни гранати. Ова е стандардна компонента и нема никаква врска со нуклеарното оружје и способностите. Русија го знае тоа, но намерно се обидува да шири лажни информации“,

истакна портпаролот на британското Министерство за одбрана.

Портпаролот додаде дека независна студија покажала дека влијанијата врз здравјето и животната средина од користењето муниција со осиромашен ураниум „најверојатно ќе бидат ниски“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски најави видео-учество на конференцијата на Г7 во мај во Јапонија

Следно

Бујар Османи со директна порака до „Огнените“

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop