Велигденска честитка од новиот министер за информации во Србија: Пад на РТС е како државен удар

April 20, 2025
1 min read

Новиот српски министер за информации Борис Братина во својата велигденска честитка ги повикува надлежните органи да ја деблокираат Радио и телевизија на Србија бидејќи нејзиниот пад е исто како и државен удар, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за информации и телекомуникации на Србија на граѓаните им го честита Велигден со желби за мир, воздржаност и промисла.
Заедно со велигденската честитка, упатен е и повик до државните органи „итно да се овозможат редовни услови за работа на Радио-телевизијата на Србија и нејзините новинари, бидејќи РТС претставува темелна институција за информирање во цела Србија“.

„Падот на РТС под притисок на блокаторите би имал значење на „државен удар“, односно пад на општествениот поредок. Друго значење на деблокирање на работата на РТС се основните човекови права, како што се правото на работа, правото на информирање и други“, се нагласува во соопштението потпишано од новиот министер за информации Борис Братина.

Тој бара од надлежните органи да реагираат за да се доведат условите за работа на РТС во редовна состојба и да се истражат сите околности на блокадата.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќата и неволјата да излеземе помудри и похумани

Следно

Се узурпира јавен простор, „мува не ги лази“ што го попречуваат движењето и создаваат хаос

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop