ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ВЕЧЕРВА ГО ОТВОРА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

June 9, 2023
1 min read

Со доделување на наградите за животно дело на актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски, вечерва почнува 57. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Претходно во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретката збирка во чест на авторот во фокус Коле Чашуле. Прва претстава што ќе биде изведена од официјалната програма е „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, а продукција на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, во 21.30 часот во Центарот за култура. Годинава мотото на фестивалот е „Враќање дома“.

Од Фестивалот велат дека дел од претставите се распродадени. Програмата на фестивалот, кој ќе трае до 16 јуни, ќе започнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. На пладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден. Ќе следуваат промоции на книги, меѓународна конференција, а ќе биде отворена и изложбата на костими и фотографии од претстави на кои работел костимографот Благој Мицевски во изминатите речиси 20 години.

Во официјалната програма за награди се 10 претстави, во програмата „Независна продукција што игра домашни автори“ има пет претстави, а со дипломски претстави учествуваат и студентите од Факултетот за драмски уметности.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свеченото доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачиќ си договори трансфер во Манчестер сити

Следно

Промоција на „Варшавската срна“ од Мимоза Ристова во Музејот на Град Скопје

Latest from Blog

„Армиран бетон е клаузулата на ЕУ посилна од Член 5 на НАТО!“ ЕУ НЕМА ВОЕН КАПАЦИТЕТ ДА ЈА БРАНИ ЕВРОПА, рече екс шефот на НАТО

Францускиот претседател Емануел Макрон одржа прес-конференција по средбата со грчкиот премиер во Атина, нагласувајќи дека Европа мора да биде посветена на поголемо единство и дека ЕУ има клаузула што е посилна од

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот, но не знаете никогаш кога може да пукне

Во споредба со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија има најдобро поставен и функционален систем за спречување на радикализација, оцени националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и тероризам Павле Трајанов. Тој

Атлетико Мадрид со пресврт до триумф над Билбао

Во последниот дуел од денешната програма од Примера шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Алтетико Мадрид успеа да слави на свој терен со конечни 3:2, над тимот на Атлетик Билбао. Во исклучително интересен

Орбан се откажува од пратеничкото место: ПОТРЕБЕН СУМ ЗА РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ

Претседателот на партијата Фидес – Унгарски граѓански сојуз и премиер во заминување, Виктор Орбан изјави дека ќе се откаже од пратеничкото место, што го освои на парламентарните избори на 12 април. Тој

(ВИДЕО) Коњановски: „СРУ 5“ добива модерна сообраќајна и велосипедска инфраструктура

По завршеното асфалтирање на улицата „СРУ 5“, во тек е нејзино целосно обележување со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, согласно одобрениот сообраќаен проект за траен режим на сообраќај. Од ЈП „Паркинзи“ информираат
Go toTop