Вечерва за Сирија ќе заседава Советот за безбедност на ООН

December 9, 2024
1 min read

Додека Сиријците го прославуваат падот на режимот, соборениот сириски претседател Башар Ал Асад со членовите на неговото семејство е во Москва, откако доби азил од Русија. Одлуката за давање политички азил на соборениот сириски претседател  Асад ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата.“ – Дмитриј Песков портпарол на Кремљ.

Знамето на сиријската опозиција е поставено на зградата на амбасадата на Сирија во Москва. Советот за безбедност на Обединетите нации зад затворени врати најави итен состанок за ситуацијата во Сирија, на барање на Москва, по паѓањето на режимот на претседателот Башар Ал Асад.

Кремљ соопшти дека сириските бунтовници, кои со  молскавична офанзива го соборија претседателот Асад „ја гарантираа безбедноста“ на руските воени бази во Сирија. Американската армија нанела удари врз повеќе цели на „исламска држава“ во Сирија за да ги спречи терористите да ја искористат нестабилноста во земјата. Турција повика  на „формирање инклузивна влада“ во Сирија, во која ќе има претставници на сите етнички и верски групи.

„Очекуваме меѓународните актери, особено ОН, да му подадат рака на сирискиот народ и да го поддржат формирањето на инклузивна влада. Сакаме Сирија да биде изградена во која различни етнички и верски групи живеат во мир, со инклузивен пристап кон управувањето.“ – Хакан Фидан министер за надворешни работи на Турција. 

Поранешниот сириски премиер Ријад Хиџаб, кој се приклучи на опозицијата, би можел да биде назначен за шеф на преодната влада на Сирија, објави францускиот весник „Фигаро“. Хиџаб кратко беше на чело на Владата на Сирија од јуни до август 2012 година, на почетокот на бунтот против претседателот Башар ал-Асад, пред да побегне во Јордан за да се приклучи на опозицијата. Ако Хиџаб стане шеф на преодната влада, САД нема да мора да соработуваат со Абу Мухамед ал-Џулани, кого го сметаат за терорист, а кој е на чело на бунтовничката коалиција во која доминираат исламистите, која го собори Ал Асад, наведува парискиот весник.

Во меѓувреме, застрашувачки извештаи доаѓаат од озлогласниот затвор во Дамаск, во кои има луѓе во тајни простории под земја. Сириската група за цивилна заштита позната како „Бели шлемови“ соопшти дека ги истражува извештаите за преживеаните од озлогласениот воен затвор, познат и како „Кланица на луѓе“. Кина, пак, повика да се изнајде „политичко решение“ во Сирија по симнувањето од власт на претседателот Башар Ал Асад.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дел од жителите на Волково реагираат што немаат атмосферска канализација

Следно

Османи: Се јавуваат Македонци за да не прашаат „како се враќаат зомбите од минатото“

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop