Вечерва во 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

March 3, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува директорката на Агенцијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, се емитува вечерва (3 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител, сите во обвинителства надвор од Скопје. Меѓу 28-темина кандидати што ќе може да конкурираат за 31-то отворено место, најзвучното име за кое се крена врева во јавноста по објавувањето на конечната ранг-листа на оние што ја завршиле обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, е Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. На огласот ќе може да се пријави, на пример, и Албулена Абази, сопруга на шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, како и Јетмир Беџети, син на судијата во скопска апелација, Енвер Беџети, кој беше известител при одлуката да се укине првостепената пресуда во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, предмет за кој Судскиот совет заклучи дека неразумно долго бил држен во апелацискиот суд. Регрутирањето на идните судии и обвинители, квалитетот на обуката што ја добиваат и колку таа ги подготвува за сериозните задачи со кои се соочуваат при идната работа, е главната тема на која разговараме со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Албанскиот претседател, Бегај следната недела во Брисел ќе се сретне со Столтенберг

Следно

Србија не извезува воена опрема за Украина, тврди Дачиќ

Latest from Blog

Могерини вели дека е невина: Убедена сум дека ќе се утврди законитоста на постапките во Академијата

Федерика Могерини, поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, беше едно од трите лица уапсени од белгиската полиција во вторник, во рамките на обемна истрага за измама околу финансирањето на Академијата во Бриж

Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово

Началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма истакна дека „Безбеден град“ засега функционира на цела територија на Град Скопје. -Активиран е

Николовски на форум во Брисел: Македонија останува фокусирана на Европа

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски учествуваше во Брисел на годинешниот настан организиран од влијателниот тинк-тенк „Friends of Europe“, кој годинава е посветен на темата за проширувањето на Европската

Поддршка за лицата со попреченост – Меџити на отворањето на „INKLUDIVERSA“

По повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на инаугурацијата на организацијата „INKLUDIVERSA“. Иницијативата има за цел создавање повеќе пристапни и поддржувачки простори
Go toTop