Нов светски рекорд „ЗИМСКОТО ЈАЈЦЕ“ НА ФАБЕРЖЕ ПРОДАДЕНО ЗА 30,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

December 3, 2025
1 min read

Кристалното јајце на
Фаберже, украсено со дијаманти, кое некогаш ѝ припаѓало на руската царска
фамилија, е продадено за рекордни 22,9 милиони фунти (30,2 милиони долари) во
Лондон.

„Зимското
јајце“ – кое се смета за едно од најубавите дела на славниот изработувач на
накит – во вторникот го купил анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи,
пренесува BBC.

Јајцето
е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарачал царот Николај II во 1913 година
како божиќен подарок за својата мајка, царицата-вдовица Марија Фјодоровна.

Претходниот
рекорд за јајце на Фаберже изнесувал 8,9 милиони фунти, платени на аукција во
2007 година.

Како
што беше соопштено од Кристи, резултатот од аукцијата претставува нов светски
рекорд за Фаберже, потврдувајќи го трајното значење на ова ремек-дело.

Јајцето
високо 8,2 см го создал Карл Фаберже, врз основа на дизајн на Алма Терезија
Фил, една од само двете жени мајстори во компанијата за накит во Санкт
Петербург.

Изрезбано е од горски кристал и украсено со дијаманти
сечени во форма на роза, како и со мотиви на снежинки од платина, а јајцето се
отвора и открива внатре кошничка со букет бело кварцно цвеќе.

Јајцата
се изработувале од 1885 до 1917 година, кога царот Николај II бил принуден да
абдицира.

Традицијата
со јајцата ја започнал цар Александар III, кој секој Велигден ѝ подарувал јајце
на својата сопруга, додека неговиот наследник Николај II подароците ги давал на
својата сопруга и на својата мајка.

По
погубувањето на цар Николај II и неговото семејство во 1918 година, лондонски
трговец го купил јајцето за 450 фунти, откако осиромашените комунистички власти
во 1920 година продале дел од руските уметнички богатства.

Јајцето
неколку пати го менувало сопственикот и две децении се верувало дека е
изгубено, сè додека повторно не се појавило на аукција во Кристи во 1994
година, со проценета вредност од седум милиони швајцарски франци, а билo
повторно продадено во 2002 година за 9,6 милиони франци.

Куќата
Фаберже изработила само 50 јајца за руската царска фамилија Романови, а
Царското зимско јајце е едно од само седумте што останале во приватна
сопственост.

Останатите
јајца или се исчезнати или се во сопственост на институции или музеи.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Куња се враќа утре со Вест Хем, Шешко и Мегваер во „аут“

Следно

Креаторката на првата ВИ-актерка одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата

Latest from Blog

Експедицијата на Сенегал на Мундијалот предизвикала сексуален скандал!!!

Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе,

УНГАРИЈА ПРЕД УСТАВНА КРИЗА – Новиот премиер му се закани на претседателот со итен импичмент!

Унгарскиот парламент го усвои 17-тиот амандман на Уставот со кој се прекинува мандатот на претседателот на државата, Тамаш Шујок. Новата власт предводена од премиерот Петер Маѓар го смета претседателот за еден од

Сали присуствуваше на официјалните свечености по повод Националниот празник на Франција во Париз

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската

Проданоски: Жртвата на хероите од Ножот е темел на нашиот непокор и достоинство

По повод 119 години од Битката на Ножот, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за сеќавање на македонските револуционери кои ги положиле своите животи во една од најзначајните битки од

Општина Прилеп ги поканува граѓаните на фудбалска вечер на Камена Бина

Општина Прилеп ги поканува сите љубители на фудбалот вечерва да бидат дел од заедничкото следење на полуфиналниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се пренесува на голем екран на
Go toTop