Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025
1 min read

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“.

Како и секоја година за свеченото отворање се избираат посебни содржини со особен квалитет, така и годинава вљубениците во класичната музика ќе можат да уживаат во посебно уметничко доживување, едно свеовидно музичко-визуелно патување со импресивни видеопроекции и употреба на најсовремени визуелни технологии за кои е задолжен дизајнерот Рафаел Карико.

Од денеска па наредните 40 дена во Охрид ќе продефилираат бројни врвни уметнички содржини од областа на музиката, театарот, балетот и визуелни уметнички доживувања, со уметници од целиот свет. На сцените низ градот ќе ги видиме најеминентните пијанисти Михаил Пљетњов, Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот, легендарната кастањета уметница Лучера Тено во дуо со еден од најзастапените светски харфисти Хавиер де Маестре и многи други…

Во музичкиот дел од програмата тука се и настапите на гудачкиот квартет на кралскиот Концертгебау од Холандија, како и оркестарот Симфониета ди Болоња како претставници на најпрестижните национални оркестри во светот воопшто.

Програмата предвидува и претстава за деца, како и два џез-концерти меѓу кои еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути, како обид на фестивалот да ја збогати понудата и да се допре и до најсофистицираните уметнички уживатели.

За 3 август на програмата е мега-спектаклот „Кармина Бурана – Симфонија на Битовите“ со повеќе од 70 уметници на сцена.

Во драмскиот дел предвидени незаборавни мигови со реномирани театарски продукции и две премиери. Меѓу другото уживателите на театарот оваа година ќе имаат можност да ја видат најнаградуваната претстава годинава, поставката „12“ во продукција на Македонскиот народен театар. Монодрамата со Игор Ангелов, повторно излегувајќи од стандардните сцени на посебно место кое се вклопува во целата приказна и ќе биде доживување за публиката. Годинава на програмата ќе бидат одиграни две премиери во продукција на Турскиот театар од Скопје и Драмски театар од Скопјe.

За последниот фестивалски ден и спуштањето на завесата сцената на Античкиот театар е резервирана за театарската претстава „Електра“ во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на Театартската асоцијација од Јужна Кореја и НУ „Охридско лето“.

Целата програма за годинешното „Охридско лето“ е објавена на фестивалската интернет-страница, билетите за сите настани можат да се набават и по електронски пат, како и на билетарниците на „Охридско Лето“ во Охрид.

Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид, како и голем број спонзори, помагатели и пријатели на фестивалот

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Следно

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

Latest from Blog

Кога Мбапе погодува, Реал победува

фото: Real Madrid CF (X) Во дербито од 21-то коло од Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 2:0 како гостин. И вечерва како клуч за победата на Реал се покажа

Сообраќајот во државата се одвива непречено и по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, соопшти АМСМ и информира дека сите државни патишта се

Омерагиќ меѓу македонските прволигаши на подготовките во Анталија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна посета во Анталија, каде што се сретна со претставници на македонските клубови кои ги реализираат подготовките за продолжението на Прва МФЛ. Омерагиќ

„Не сум мртов!“ – Роб Кардашијан се враќа пред камерите по девет години

Роб Кардашијан, поранешна ријалити-ѕвезда, се врати пред камерите по девет години пауза. Роб Кардашијан првпат се појави на малите екрани на 20-годишна возраст во ријалити-програмата „Keeping Up With the Kardashians“, но од
Go toTop