Важна информација за сите кои идната недела ќе одат во Грција: Ако добиете ваква порака, не ја игнорирајте

June 7, 2024
1 min read

Топло лето во Грција со силни и редовни топлотни бранови, најавуваат метеоролозите. Топлотниот бран од минатата година стана најдолгиот во историјата на земјата, според висок претставник на Националната опсерваторија.

-Според податоците, веројатно ќе поминеме низ 16-17 дена топлотен бран, каков што досега не се случил во нашата земја, изјави за телевизијата ЕРТ Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија.

Грција се подготвува за „исклучително тешко“ лето и ќе ја зајакне својата превенција од шумски пожари и механизмот за гаснење пожари, бидејќи климатските промени се закануваат со високи температури, велат локалните власти.

Оваа година властите се подготвуваат да се борат со пожарите со „повеќе жива сила од кога било“, мобилизирајќи приближно 18.000 пожарникари, вклучително и специјално обучена единица, и инвестирајќи над 2 милијарди евра во нова опрема, како и седум авиони што фрлаат вода и 1.100 противпожарни возила, објави министерот за климатски кризи и цивилна заштита, Василис Кикилијас.

-Сите кои ќе доаѓаат во Грција во текот на идната недела треба да знаат дека ќе биде многу топло, во некои делови од Грција температурата ќе надминува 40 степени. Тоа значи дека ќе биде зголемена опасноста од пожари. Доколку се случи пожар во ваша околина и ако добиете порака од бројот 112, придржувајте се до дадените упатства. Се надевам дека нема да дојде до тоа, но не е лошо луѓето да бидат информирани што значи порака од бројот 112. Звукот на пораката е исклучително иритантен и прекинува во оној момент кога пораката ќе ја видите и ќе ја затворите. Можни се пораки како предупредување заради превентива, пишува на популарна Фејсбук група наменета за туристите во Грција, Радмило Белиќ кој долги години живее таму.

Минатата година, 20 луѓе ги загубија животите поради шумски пожари, изгореа над 120.000 хектари шуми и обработливо земјиште, а стотици куќи беа оштетени или уништени.

Минатиот јули, рекордни 46,4 Целзиусови беа забележани во Гитео, лоциран во регионот на Пелопонез. Ова постави нов рекорд за највисока температура досега забележана во Грција од почетокот на рекордите во 2006 година.

Научниците велат дека климатските промени ги прават топлотните бранови подолги, поинтензивни и почести.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пензиите во Косово доволни за бурек и супа

Следно

Бајден изјави дека Израел ја зема предвид загриженоста на САД поради израелските напади врз Рафа

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop