Вартоломеј: Руската православна црква ја споделува одговорноста за злосторствата во Украина

March 22, 2023
1 min read

Духовниот водач на православните христијани, екуменскиот Патријарх Вартоломеј денеска изјави дека моќната Руска православна црква ја споделува одговорноста за војната во Украина со руското раководство, но и дека е подготвен да помогне во повоената „духовна обнова“ на Русија.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј со тоа го прекори рускиот патријарх Кирил, чија отворена поддршка за руската инвазија на Украина ги подели православните христијани.

Вартоломеј, кој ја налути Москва во 2019 година со признавањето на новооснованата православна црква на Украина, рече дека руските власти ја користат црквата како „инструмент за своите стратешки цели“.

– Црковното и државното раководство во Русија соработуваа во злосторството на агресија и ја споделуваат одговорноста за злосторствата што резултираа, како што се шокантните киднапирања на украински деца, рече Вартоломеј на конференција во литванскиот парламент.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воено злосторство за незаконско депортирање на стотици деца од Украина. Русија тврди дека ги иселува децата од Украина заради нивна безбедност и негира кршење на човековите права во Украина.

-Нашиот меѓуверски дијалог мора да се фокусира на отпор и неутрализирање на капацитетот на раководството на Московската патријаршија да го поткопа единството и теолошки да го легитимира криминалното однесување, рече Вартоломеј.

Руската православна црква засега е без коментар.

Вселенската патријаршија се наоѓа во Истанбул и се смета за „прва меѓу еднаквите“ во Православната црква, која има околу 260 милиони следбеници во светот, од кои 100 милиони се во Русија.

-Цариградската Мајка црква е подготвена повторно да им помогне на своите деца во Украина и Русија, како што тоа го правеше многу пати во минатото, рече тој.

-Наша заедничка христијанска должност е да ја искористиме моќта на дијалогот за да ги вратиме нашите руски браќа и сестри во нашата заедница на заеднички вредности, рече тој, нагласувајќи ја потребата од „духовна обнова“ во Русија и Украина.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателката на Косово бара Србија да биде казнета поради непочитување на договорот за нормализација

Следно

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Latest from Blog

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

НЕЛА ВИТОШЕВИЌ ВО МНТ ЈА РЕЖИРА „ЗАМИСЛИ НОВ СВЕТ“ КАКО ПАТУВАЊЕ НИЗ ДРАМИТЕ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ

Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните

61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка – се роди Петар и им донесе радост

На Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана на 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе својот син, Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Во вечерашната емисија „Само вистина “на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој зборуваше за актуелни политички и економски теми и фокусот го стави на унгарскиот кредит и дека
Go toTop