Валандово постхумно му ја додели наградата „6 Ноември“ на Мирко Попов за проектот „Распеани Валандовчани“

November 7, 2024
1 min read

Вчеравечер, во преполната сала на Домот на културата „25 Мај“ во Валандово во рамки на церемонијата по повод „Денот на општината“, највисокото општинско признание „6 ноември“ за оваа година беше постхумно доделено на Мирко Попов.

„Општина Валандово има чест највисоката општинска награда „6 ноември“ годинава постхумно да ја додели на Мирко Попов. Одлука, која Советот на општината едногласно ја донесе. Неговата иницијатива за снимање и издавање македонска музика во изведба на ансамблот „Распеани Валандовчани“ претставува уште еден во низата придонеси за афирмација на македонскиот идентитет. Уште повеќе што го става во фокус културното наследство на Валандово, преточено во музиката. Овој проект кој го започна Попов, ќе го реализираме заедно со неговите соработници и со поддршка на општината“, изјави Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово.

Претседателот на Советот на општината, Владимир Марков и ја врачи наградата на Виолета Качакова, долгогодишна партнерка и соработничка на Мирко Попов. 

„Прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи. Во овој контекст ќе биде запишано и изданието на ансамблот „Распеани Валандовчани“ продуцирано во соработка со Владан Дробицки. Куриозитет е дека музичкиот запис ќе излезе на винил, кој се смета за најквалитетниот и најценет носач на звук во светот на музиката. „Распеани Валандовчани“ ќе биде 14то по ред винил издание на македонска музика, како резултат на работата на Мирко Попов и неговите соработници“, изјави Качакова.

Трајниот аудио запис на музика изведена од ансамблот „Распеани Валандовчани“ ќе се надоврзе во низата од 300 изданија македонска музика, како дел од работата на Попов. Овој музички проект, воспоставува и историска врска со семејното потекло на скопјанецот Мирко Попов. Неговиот дедо-истоименик Мирко Попов, кој потекнува од Валандово, бил еден од најпочитуваните граѓани и јавни личности, кој со својата работа придонел во општествениот и културен развој на општината.

Ансамблот „Распеани Валандовчани“ е основан во 1973 година. Неговиот прв и досега единствен музички запис на винил е од 1974 година, издаден за Радио-Телевизија Белград. По точно 50 години, ансамблот со рецентниот состав ќе добие ново винил издание за македонски издавач, благодарение на иницијативата на Мирко Попов и соработката со „Распеани Валандовчани“ и Општина Валандово. Винилот ќе излезе за „ПМГ Џез“ во продукција на Здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Втор ден по ред биткоинот на рекордно високо ниво

Следно

Долги редици пред салата „Борис Трајковски“, граѓаните чекаат ваучери за инвертер клими

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop