Вакцината на „АстраЗенека“ за Ковид-19 повлечена од пазарот на ЕУ поради несакани ефекти

1 min read

Фармацевтската компанија „AstraZeneca“ соопшти дека иницирала повлекување на вакцината против Ковид-19 ширум светот поради „вишокот достапни ажурирани вакцини“ од пандемијата.

Исто така, ќе продолжи да го повлекува одобрението за ставање во промет за вакцината Vaxzevria во Европа.

„Со оглед на тоа што оттогаш се развиени повеќе варијанти на вакцината за ковид-19, има вишок на ажурирани вакцини на располагање“, соопштија од компанијата, додавајќи дека тоа довело до пад на побарувачката за Vaxzevria, која повеќе не се произведува.

Соопштението на британско-шведскиот производител на лекови доаѓа откако компанијата признала, според судските документи, дека нејзината вакцина може да предизвика ретки несакани ефекти како што се згрутчување на крвта и низок број на црвени крвни зрнца.

Вчера, 7 април, Европската агенција за лекови објави дека вакцината повеќе не е одобрена за употреба.

Од „AstraZeneca“ соопштија дека, според нивната вакцина била испорачана во повеќе од три милијарди дози ширум светот.

Во 2021 година, AstraZeneca го промени името на својата вакцина против Ковид во Vaxzevria. Вакцината е одобрена за употреба кај луѓе на возраст од 18 години и постари.

По првото признавање на сериозни несакани ефекти, „AstraZeneca“ сега се соочува со нови тужби со барања за отштета. Само во Лондон во моментов има 51 случај со побарувања за обештетување во вкупен износ од речиси 120 милиони евра, пишува Билд.

 

Извор: alsat.mk

Претходно

Најмалку 35 Палестинци загинаа во израелските напади во Рафа во изминатите 24 часа

Следно

На претседателски избори до 11 часот гласале 141 087 лица, излезноста на парламентарните 13,69 отсто

Latest from Blog

Кој е Ебрахим Реиси?

Тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси долго време се сметаше за штитеник на иранскиот врховен лидер ајатолахот