Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар

January 25, 2025
1 min read

Вакциналните пунктови низ државава се соочуваат со недостиг од кадар. Од Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, во изјава за МИА велат дека на територија на градот Скопје, но и во државата, генерално, постои голем дефицит на медицински сестри насекаде, вклучувајќи ги и пунктовите за вакцинација. Од Министерството за здравство пак, потенцираат дека се работи на обезбедување на неопходниот кадар во сите здравствени установи.

Според податоците со кои располага Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, во општина Гази Баба, како една од поголемите општини со голем број пунктови, недостасуваат сестри во претшколските и во школските диспанзери, а во општина Прилеп недостасуваат две, односно четири медицински сестри во овие диспанзери.

Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, за МИА вели дека во овој момент, едно од можните решенија за да се надмине проблемот е правилната прераспределба.

– Од општините каде има доволен и непотребен број медицински сестри, истите да се прераспределат во здравствените домови каде што недостасуваат на територија на град Скопје. На пример, со случајот во општина Прилеп, каде до 15 јануари, шест доктори од концензионерските ординации заминаа во пензија, зад себе оставија медицински сестри кои во моментов се без работа. Со нивно вработување, како искусни медицински сестри, може веднаш да се надополни дефицитот, истакнува Бешлиовска.

Едно од главните решенија, како што додава Бешлиовска, е и континуираното организирање конкурси за вработување и тоа не само во овој дел, туку на сите нивоа во здравствениот систем. 

– И тоа не само во овој дел, туку и во патронажните служби, како и во стационарите на секундарно и терциерно ниво на здравствениот систем. Заклучокот е дека сепак, превенцијата е најважна. Само еден грам превенција спречува тони лекувања, а нам ни е најважно да направиме сè за доброто на корисниците на услугите, односно за пациентите, нагласува Бешлиовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митев: Најважно е да се бориме и да играме според нашиот план

Следно

Стојковски: 400-600 пациенти дневно се третираат во онколошките амбуланти-вработените вложуваат натчовечки напори за третманот на пациентите

Latest from Blog

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop