Вадефул од Сараево: Владеењето на правото не подлежи на преговори, ЕУ е конкретна перспектива за Западен Балкан

November 17, 2025
2 mins read

 Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, синоќа пристигна во Сараево, започнувајќи ја својата обиколка во шесте земји од Западен Балкан, фокусирана на нивниот долгогодишен процес на пристапување кон Европската Унија, кој за некои земји се одолжи со децении, јави ДПА.

Веднаш по пристигнувањето, Вадефул се сретна со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кој исто така е Германец и има значителни овластувања за одржување на Дејтонскиот договор од 1995 година, со кој заврши војната во Босна.

– Мирот и стабилноста во срцето на Европа остануваат „задолжителни за нас“, рече германскиот министер и ја повика Владата на Босна и Херцеговина да продолжи по својот пат кон членство во ЕУ. За нас е важно да се почитуваат фундаменталните принципи на Дејтонскиот договор – тоа го гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на државата како целин“, додаде тој.

Потоа тој имаше средба и со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.

Вадефул денеска ќе ги посети Црна Гора и Албанија, а вечер ќе отпатува за Србија. Тој во Подгорица ќе разговара со премиерот Милојко Спајиќ и министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ, а попладне во Тирана ќе се сретне со министерката за надворешни работи Елиса Спиропали и со шефот на Специјалното државно обвинителство за борба против корупцијата, организираниот криминал и тероризам.

Германскиот министер за надворешни работи вечерва ќе допатува во Белград, каде се предвидени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а во вторник со министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ и со претставници на граѓанското општество.

Потоа шефот на германската дипломатија ќе отпатува за Приштина, каде ќе има средби со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот во технички мандат Албин Курти и со германски војници во мисијата КФОР.

Утре вечер  Вадефул турнејата ќе ја заврши во Скопје. Предвидени се средби со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Пред да отпатува од Берлин, тој ги повика земјите од Западен Балкан да продолжат со реформите, нагласувајќи дека тоа е од суштинско значење за напредокот на нивните долгогодишни кандидатури за членство во ЕУ и за спротивставување на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот.

– Владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на фундаменталните права не подлежат на преговори, рече Вадефул. Тој додаде дека посветеноста на заедничките вредности е предуслов за членство во ЕУ.

– Сојузниците во НАТО, Црна Гора и Албанија, забележаа важен напредок, додека останатите земји сè уште треба значително да го надоместат заостанувањето, истакна германскиот министер.

Во 2003 година, ЕУ се согласи дека земјите од Западен Балкан ќе имаат право да станат членки откако ќе завршат низа реформи. Денес, државите се на различен степен на нивниот пат кон пристапување, а разочарувањето од долгиот процес расте. ЕУ стравува дека тоа може да ги турне кон политички ривали како Кина и Русија, коментира ДПА.

– Шесте западнобалкански земји се неделив дел од европското семејство, рече Вадефул и додаде: ЕУ не е далечно ветување, туку конкретна перспектива.

Црна Гора се смета за најнапредна во процесот на пристапување кон ЕУ, но сè уште нема конкретен датум. ЕУ води пристапни преговори со Црна Гора и Србија од 2012, односно 2014 година. Преговорите со Албанија и Северна Македонија започнаа во 2022 година, додека Босна и Херцеговина има статус на кандидат, но сè уште не ги започнала преговорите. Косово е потенцијална земја кандидат. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Јунајтед уште сега ги одреди главните цели за летниот преоден рок!

Следно

Кривичниот законик не смее да биде засолниште за корупцијата, порачува ВЛЕН

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop