Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

April 5, 2026
1 min read

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури.

-Преговорите одат добро. Значи во делот на камиони и во делот на автобуси системот ќе почне да се применува од 30 септември. Значи веќе добивме одложување. Тоа е доволен период да се завршат сите процедури. Одиме на долгорочни визи. Швајцарија веќе ги воведе и веќе се издаваат. Во Хрватска законот е во Саборот. Очекуваме за неколку седмици да биде усвоен. Во Романија влезе во процедура. Во Унгарија добивме ветување при последната посета дека по завршување на изборите и формирање на Парламентот, исто така ќе влезе во процедура законот, рече вицепремиерот Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во градежните работи на изградбата на првата делница од „Градскиот воз“.

Тој најави дека во втората половина на април македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе одат во Австрија, каде на средбите ова ќе биде една од главните точки.

-Останува уште Германија и со тоа главните рути на македонските транспортери се решени. Сега како следната голема рута е Велика Британија, но имајќи предвид дека таа е надвор и од Европската унија и од Шенген зоната, таму има посебни правила кои што и досега се применуваа, рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

3.350 учеснички на Авицена Женска Трка го растрчаа Скопје

Следно

Бахреинската компанија „Бапко Енерџис“ соопшти дека избувнал пожар во резервоар во еден од нејзините складишта по ирански напад

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата
Go toTop