Утрово најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија

November 20, 2024
1 min read

Во Берово утрово е измерена најниска температура од нула степени Целзиусови. 

Температури над нулата има во Битола каде е измерен 1 степен, 2 степена се измерени во Попова Шапка, Тетово и Скопје-Петровец, 3 во Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Струмица и Крива Паланка, 5 во Крушево, 6 во Маврови Анови и Кавадарци, 7 во Виница и Гевгелија, 8 во Претор, Охрид и Велес, 10 во  Штип и 11 во Демир Капија.

Во текот на ноќата времето беше променливо облачно во северните делови со слаб повремен дожд. Дуваше слаб до умерен променлив ветер кој во првиот дел од ноќта засилуваше во Штип и на Ѓуриште. Утринава ветерот е слаб до умерен, а врнежи од дожд има во Крушево.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на час.

Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турското беспилотно летало Бајрактар ТБ3 успешно изврши полетување и слетување на воен брод

Следно

Бајден одобри испорака на противпешадиски мини на Украина, целта е да се запре рускиот пробив

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop