Утре вработени од ГОБ „8 Септември“ излегуваат на протест, во среда вработените од Клинички „Мајка Тереза“

February 19, 2023
1 min read

Дел од вработените во ГОБ 8 Септември утре излегуваат на мирен протест незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ. Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, објави Канал 5.

Веќе две недели поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите.

Можно е здравствените работници утре да добијат плата, по најавата на премиерот Ковачевски од пред некој ден кога вети дека пари ќе се обезбедат од Централниот трезор, па кога ФЗОМ ќе го врати во функција системот, ќе ги врати и овие пари.

ФЗОМ пак на здравствените институции им наложи рачно да ги направат пресметките за плати и да ги достават до фондот заради исплата.

Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Романски доктори (ре)употребувале импланти од починати пациенти

Следно

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop