Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

May 10, 2025
1 min read

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ.

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, која во изборна коалиција е единствено со Македонска алијанса за европска интеграција, цели кон четврт последователен мандат..

 

Лидерот на социјалистите Еди Рама ги повика Албанците на 11 мај да гласаат за Албанија во ЕУ до 2030 година и побара историски четврт последователен мандат. 

„Не случајно сме овде на 9 мај, на Денот на Европа, да го кажеме последниот збор на ова патување и потоа заедно со најголемото мнозинство Албанци да одиме пред гласачките кутии и таму меѓусебно да го потпишеме нашиот голем договор за европска Албанија, за Албанија во ЕУ.“ – Еди Рама лидер на Социјалистите.

За разлика од социјалистите, изборната опозициска коалиција „Алијанса за величествена Албанија” предводена од Демократската партија на Сали Бериша, ја сочинуваат 25 политички партии. Бериша на синоќешниот завршен митинг, освен познатите обвинувања и навреди на адреса на Рама, меѓу многуте ветувања беше и она дека ќе ги укине сите закони на Рама..

„Дојдете заедно и гласајте за промена, тоа е глас за вашиот успех.  Ќе ги укинеме сите актуелни закони на Еди Рама кои го ограбуваат целиот имот како во 1946 година.“ – Сали Бериша лидер на Демократската партија. 

Во анкетите пред изборите Рама е во предност. Неодамнешните измени на изборниот закон воведоа форма на преференцијално гласање, дозволувајќи им на гласачите да ги изберат кандидатите што ги претпочитаат во рамките на партиската листа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Плаја Виста“ некогаш и сега – спортско-рекреативниот центар слика за нашата (не)грижа и однос кон некогаш култните спортски објекти

Следно

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop