Утре се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, најави Бектеши

March 20, 2023
2 mins read

Со одлука на Владата ќе се обезбеди и доволно производство од јајцата да останува за потребите на домашниот пазар, односно процентуално ќе се ограничи колку може како производство да излезе надвор од Македонија. Зголемување на цените и недостиг на јајца за претстојните празници Велигден и Бајрам никако нема да има, дециден е Бектеши

Цените на шеќерот и брашното засега остануваат незамрзнати, а во делот на месните производи што се увезуваат замрзнувањето на цената ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија, најави министерот

Утре на седница на Владата ќе бидат замрзнати цените на оризот и јајцата согласно цените што биле во текот на овој месец, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Исто така, тој најави и дека со одлука на Владата ќе се обезбеди и доволно производство од јајцата да останува за потребите на домашниот пазар, односно процентуално ќе се ограничи колку може како производство да излезе надвор од Македонија. Одлуката ќе влезе во сила веднаш откако ќе се објави во „Службен весник“.

Бектеши не сакаше да каже точно на која цена ќе биде замрзнувањето на јајцата, но рече дека имаат конкретен предлог како Министерство и оти кога ќе ја објават цената ќе кажат и колкаво треба да биде намалувањето од денешната цена.

„Тоа нема да биде денешната цена, туку тоа ќе биде една од цените од март, но нема да ја кажам со цел да не можат трговците и производителите да се подготват. Но, тоа не значи дека немаме доверба кај стопанствениците, но пред да биде конечната одлука од страна на Владата не би сакал да објавам“,

рече Бектеши.

За тоа дали може да се случи земјата да се соочи со поголем извоз на јајца во пресрет на велигденските празници, Бектеши беше дециден дека иако во регионот Македонија има најевтини јајца, сепак, се многу внимателни како Министерство и потврди дека зголемување на цените и недостиг на овие производи за Велигден и Бајрам никако нема да има.

Тој рече и дека не се планира ниту воведување забрани за извоз на јајцата.

„Моментално има побарувачка на јајца од другите држави и се зголемува извозот од Македонија кон другите држави. Побарувачката од другите држави се зголемува кон нашите производители со поголеми цени од постоечките кај нас, што значи дека во случај да донесеме забрана за извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите што ги имаме со ЕУ од каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција да се носи“,

додаде тој.

Во однос на најавите за замрзнување на цените на шеќерот и за брашното, Бектеши рече дека засега нема да се носат мерки за овие производи.

„Согласно сите податоци од Царинската управа во делот на увозните цени и цените што се произведуваат, има тренд на намалување на цените и затоа таму нема да се преземат никакви мерки и очекуваме во наредните денови цените уште повеќе да се намалуваат. Во случај тоа да не направи од страна на трговците кон крајот на оваа недела или почетокот на наредната недела, ќе следуваат мерки и за овие производи“,

рече тој.

Министерот рече дека за цените на овошјето и зеленчукот не можат да носат одлука без податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Ние како Министерство за економија, бидејќи е специфично како се работат овошјето и зеленчукот, немаме многу голем влијание за да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тогаш нивните податоци и препораки се добредојдени“,

додаде тој.

Во делот на намалувањето на цените на месото, Бектеши ги поздрави одлуките на компаниите што ги намалуваат цените.

„Во делот на месните производи што се увезуваат, замрзнувањето на цената ќе биде една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија“,  

додаде министерот.    

Одлуката за цената на јајцата е трета што ја носи Владата за замрзнување на цени. Претходно одлуки за замрзнување на цените имаше за лебот, тестенините и млекото и млечните производи. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Драмите што ја завршија 166-годишната историја на Кредит Свис

Следно

Костовски: Згрешив што ја поддржав Арсовска, која сега се пресметува со мене

Latest from Blog

Студија: Глобалниот животен век се врати на нивото пред пандемијата на Ковид-19

Глобалниот животен век во 2023 година се врати на нивото забележано пред пандемијата на Ковид-19, зголемувајќи се на 76,3 години за жените и 71,5 години за мажите, според долгогодишната студија за смртноста

Мантил кој треба да го имате оваа есен: Бојата е брутално добра, а најдобро од сè, ве прави да изгледате послаби

Оваа есен е совршена можност да го освежите вашиот гардеробер и да внесете доза на оригиналност во вашиот изглед. Freepik Новите модни трендови го трасираат патот на темнозелен мантил – нијанса која

Удар за Курти: Ја изгуби Јужна Митровица и во Приштина – нема мнозинство

Албин Курти ги загуби локалните избори во Косово и Метохијa Јужна Митровица и Приштина. Кандидатот на Албин Курти, актуелниот министер Фатон Пеци, загуби во изборната трка бидејќи Аријан Тахири од Демократската партија

Романците во „фото-финиш“ ја победија Австрија, Данска ја „преслуша“ Грција

Данска, Хрватска и Полска без поголеми проблеми дојдоа до планираните победи во вечерашните квалификациски дуели за пласман на светското првенство. За разлика од нив, селекцијата на Романија со гол во последната минута

Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога
Go toTop