УТРЕ СЕ ОБЈАВУВА КОНКУРСОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА, ТОЧНО ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ КОЛКУ ПАРИ МОЖЕ ДА ДОБИЕ, РЕЧЕ ЉУТКОВ

September 29, 2024
1 min read

Министерството за култура и туризам утре ќе го објави конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата. Ќе биде отворен до 31 октомври, а пријавувањето ќе се врши електронски преку националниот портал за е-услуги.

Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција рече дека новина е тоа што прецизно е утврдено кој вид проект колку средства максимално може да добие. Со тоа, како што рече Љутков, ќе се спречат злоупотреби кои се случувале досега, кога „од ракав се делеле пари“.

„Оценката на проектите ќе се врши согласно исполнувањето на општите услови кои се исти за сите подносители на проекти, како и исполнувањето на посебни услови што се јасно утврдени за секоја област поединечно. Согласно видовите проекти и во функција на транспарентна распределба на средствата, во пријавите за годишните конкурси оваа година прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде поддржан. Повеќе нема да има огромни дискрепанци во поддршката на проекти од ист вид, туку согласно анализите на претходно реализираните проекти, ќе бидат субвенционирани реалните потреби и трошоци на проектите“ рече Љутков.

Од оваа година нема да се финансираат интердисциплинарните проекти и креативните индустрии и за нив Министерството ќе преземе други мерки и активности по препорака од Државниот завод за ревизија.

За спроведување на конкурсот донесено е Упатство за утврдување на видовите на проектите што ќе се поддржуваат, приоритетите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите, како и Упатство за критериуми за именување членови на комисиите што ќе вршат оцена на пристигнатите проекти на конкурсите. Стручните комисии по области ќе бидат и јавно објавени.

„Целта е на најтранспарентен начин да се овозможи објективна и издржана евалуација на апликациите и да се поддржат квалитетни проекти кои ќе придонесат за развојно поместување на културата во нашата држава“, додаде Љутков.

 

 

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално и не е добар за државата

Следно

Министерот Љутков тврди дека во моментов, не се знае во чие владение е Универзалната сала

Latest from Blog

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила

Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – жртвите не смеат да бидат заборавени

По повод 84-годишнината од Дабничкиот масакр, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оддаде почит на 18-те прилепчани кои биле убиени кај Дабница на 19 септември 1942 година. Проданоски порача дека Дабница е едно
Go toTop