Утре министерски состанок во седиштето на НАТО, дали министерот Муцунски ќе има средби со високите преставници

April 2, 2025
1 min read

Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО – Муцунски на иста маса со американскиот државен секретар Марко Рубио, од МНР нема потврда за билатерална средба. 

Во време на трговска војна меѓу ЕУ и САД, неусогласеност меѓу Европејците и Американците на глобалната сцена и војна во Украина –  Марко Рубио денеска  пристигнува во Брисел, на дводневен состанок, со шефовите на дипломатии на членките на Воената Алијанса. Според најавите, фокусот на НАТО состанокот ќе биде зголемување на трошоците за одбрана на сојузниците и продолжување на поддршката за Украина. Во Брисел ќе присуствуваат и украинскиот министер за надворешни работи Сибига и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас. 

Шефот на дипломатијата Муцунски, од денеска веќе е во посета на Брисел. Според нашите информации тој веќе имал средба и затворени брифинзи со осум тинк-тенк организации, на тема- деблокада на македонските интеграции. Сепак, од МНР, нема ниту потврда, ниту негирање дали Муцунски ќе има средба со американскиот државен секретар Рубио, па дури и во формат на маргините во Брисел. На состанокот ќе учествуваат 32 земји-членки на НАТО, но засега нема информации ниту дали Муцунски ќе има средба со некој од министрите, но и со шефицата на европската дипломатија Каја Калас.

Македонската влада во изминатиот период порачува дека ќе ја користи секоја прилика за да побара поддршка и да ги презентира аргументите,за деблокада на евроинтеграциите. И премиерот Мицкоски, за време на последната посета на САД, на социјалните мрежи напиша – Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мизо во Аргумент плус: Во првите два месеци годинава има намалување на бројот на регистрирани возила во Европа, намалена е побарувачката

Следно

Студенти од Србија тргнуваат со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop