Студенти од Србија тргнуваат со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници

April 2, 2025
1 min read

Осумдесет студенти и членови на академска заедница во Србија тргнуваат утре од кампусот на Универзитетот во Нови Сад до седиштето на Советот на Европа во Стразбур, во обид да го свртат вниманието на европските претставници на студентските барања и актуелната ситуација во државата, јави дописникот на МИА од Белград.

Најголем дел од нив се студенти, а меѓу 80-те велосипедисти има од четири универзитети во Србија – Нови Сад, Белград, Ниш и Крагуевац, беше истакнато на денешната прес-конференција во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад.

Беше нагласено дека подготовките биле успешни, а поддршката од дијаспората исклучителна.

Велосипедистите тргнуваат во осум часот наутро на траса низ Унгарија, Словачка, Австрија, Германија и Франција.

„Нашата иницијатива е насочена кон две важни европски институции – Советот на Европа и Европската унија, организации што играат клучна улога во поддршката на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, велат тие.

Тие претходно се обратија до ПССЕ, Комесарот за човекови права, Директоратот за човекови права и достоинство и Комитетот на министри, пред Европскиот парламент и Европската комисија и очекуваат нивното патување да предизвика реакција кај високи претставници на ЕУ.

„Се обидуваме да допреме до поголем број луѓе во странство, за да слушнат повеќе за нас и да добијат поддршка однадвор затоа што сè уште ни е потребна. Бидејќи ја пропатувавме цела Србија, веруваме дека беше клучно луѓето лично да не запознаат и да ја разберат нашата мисија и цел, па веруваме дека и таму ќе не сфатат сериозно откако решивме да започнеме на овој начин“, изјавија тие.

Трасата е поделена на неколку етапи, од кои секоја е долга приближно 100 километри.

Првата е утре, Нови Сад – Суботица, а последна е Карлсруе – Стразбур, каде треба да пристигнат на 15 април околу 14 часот.

Вечерва во кампусот на Универзитетот во Нови Сад од 18 часот има донаторски настан организиран од фармери и моторџии, на кој ќе се собираат средства за патувањето.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре министерски состанок во седиштето на НАТО, дали министерот Муцунски ќе има средби со високите преставници

Следно

ДУИ: Потребен е суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат

Latest from Blog

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се

Проданоски: Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, истакнувајќи дека празникот е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Во честитката тој

Божиновска: Наша обврска е да го чуваме наследството на борците за Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од владината делегација положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Go toTop