Утре блокада на граничниот премин Евзони од грчка страна

February 25, 2024
1 min read

Земјоделците од северниот дел на Грција, за утре напладне закажаа протест на граничниот премин Евзони, Богородица кон Македонија со што од 12-12.30 сообраќајот ќе биде блокиран , велат дека нема да отстапат од нивните барања сè додека не бидат целосно исполнети.

Во моментов на Евзони се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни.

– Утре ќе се одржи голем земјоделски собир на граничниот премин Евзони со учество на активните блокови од областа централна Македонија, но ќе дојдат и други, од подалеку. Ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши според тоа колку говори ќе има, немаме одредено време кога ќе заврши, но сигурно ќе трае два-три часа. – вели Томас Карпидис претседател на земјоделското здружение од областа Пеониа.

Според најавите граничниот премин ќе биде затворен, се очекува големо учеството на земјоделци со со земјоделски возила, блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот. Инаки по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците рекоа дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, земјоделците од Северна Грција се најактивни.

– Ние се бориме за нашите права, сакаме владата да ни даде решение за нашите проблеми

– Тие мислат дека ни понудиле многу работи, но ние се обидуваме да понудиме поефтини продукти за граѓаните

– Јас сум многу горд на моите колеги и на граѓаните на Атина што ни ја даваат поддршката.

Земјоделците веќе над еден месец бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Штрајк во здравството ако нема линеарно зголемување на платите за сите

Следно

Ќе има протести доколку платите на здравствените работници не се усогласат со минималната плата

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop