Уставниот судија Осман Кадриу одликуван со Повелба за животно дело на традиционалните Пелагониски културно-научни средби

November 7, 2023
1 min read

реклама


 Уставниот судија Осман Кадриу e одликуван со Повелба за животно дело на традиционалните Пелагониски културно-научни средби. Со ова признание, како што информираат од Уставниот суд, се стекнaл поради неговиот придонес во развојот на наставно-научната мисла во земјава и нејзина промоција на меѓународно ниво.

-Особена чест и задоволство ми е Вашето признание, затоа што вие сте гласот на граѓаните, ги застапувате нивните идеи, заложби за поквалитетно образование, и на крајот заложбите да бидат достојно претставувани преку промоцијата на научната мисла како непроценливо богатство за оваа држава. Секое признание за мене е посебно и го прифаќам со огромна почит, затоа што тоа е мотивација за идно академско творење и преточување на научната мисла во плодна и квалитетна практика која ги држи цврсто темелите на правната држава и владеењето на правото, изјавил судијата Кадриу.

реклама

Пред да биде избран за судија во Уставниот суд во 2018 година, Кадриу беше професор на Правниот факултет при Универзитетот ФОН од 2006 година. Тој се занимава со научно-истражувачка дејност и автор е на девет книги и повеќе од 100 библиографски единици од граѓанско-правната област, уставното и трудовото право. Трудовите се објавувани и во меѓународни списанија, на македонски, албански српски и англиски јазик.

Кадриу работел и како судија во Општинскиот суд Кичево, член на Републичкиот судски совет, в.д. декан на Правниот факултет на Државниот Универзитет во Тетово, професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје и претседател на Хелсиншкиот Комитет за заштита на човековите права и слободи.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Волстрит журнал: САД планираат да му достават муниција на Израел во вредност од 320 милиони долари

Следно

Димитриевски: Молкот од надлежните институции е срам, додека поединци градат дивоградби споменици на државно земјиште 

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop