Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик

February 12, 2025
1 min read

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, соопштија од судот. Повеќе детали најавија на прес-конференцијата на претседателот Дарко Костадиновски закажана во 14:45 часот во Уставен.

Одлуката следува по денешната седница на која Уставниот суд расправаше за иницијативата за измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. Мнозинството од судиите на седницата посочија дека треба да се поведе постапка бидејќи законот е штетен и има далекусежни последици, но дел од нив тврдеа дека не е во надлежност на Уставниот суд да одлучува за постапката на донесувањето на законот во Собранието.

Судијата известител, Елизабета Дуковска, образложувајќи го рефератот на почетокот од втората седница на Уставен суд, посочи дека наводите на подносителот се неосновани и предложи судот да ја отфрли иницијативата.

На 6 септември 2023 година, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа реакции во јавноста, правната фела и Европската комисија. Измените ги намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, што предизвика негативни реакции. Власта ги правдаше измените со усогласување со директивите на ЕУ, додека опозицијата ги сметаше за обид за амнестија на функционерите.

Во иницијативата поднесена од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, се наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот. Во иницијативата е наведено дека со овие измени една категорија граѓани се привилигирани, наспроти правосилно осудените лица кои добиваат дискриминаторски третман и за нив не важи намалувањето на казните. Според Трајанов, расправата во Уставниот суд е задоцнета, бидејќи иницијативата е поднесена во септември 2023 година кога измените и дополнувањата на Кривичниот законик беа донесени по скратена постапка и со европско знаменце.

Во меѓувреме, Министерството за правда работи на нови измени за отстранување на штетните последици од измените од 2023 година и очекува новиот Кривичен законик да биде донесен во 2025 година. Новиот закон ќе се фокусира на унапредување на санкциите за тежок криминал и корупција, како и на заштита на човековите права.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Густа магла го обви Истанбул, спектакуларна глетка на мостот на Босфорот

Следно

Вулканот Килауеа на Хаваите повторно почна да исфрла лава

Latest from Blog

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина
Go toTop