Уставниот совет на Франција не прифати распишување на референдум за пензиската реформа

May 4, 2023
1 min read

Ова е втор пат Уставниот совет, највисокото тело во Франција кое се занимава со уставноста на законите, да ги отфрли обидите на опозицијата за задржување на старото законско решение според кое лице се пензионира со наполнети 62 години. Опозициските пратеници, главно левичари, сакаа да започнат сложен процес за ревизија на законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на непопуларната пензиска реформа на Макрон, која беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести и немири во земјата

Францускиот Уставен совет не го прифати барањето на опозицијата за распишување на референдум со кој би се отфрлила пензиската реформа со која старосната граница за пензионирање се поместува од 62 на 64 години.

Ова е втор пат Уставниот совет, највисокото тело во Франција кое се занимава со уставноста на законите, да ги отфрли обидите на опозицијата за задржување на старото законско решение според кое лице се пензионира со наполнети 62 години.

Советот утврдил дека темата на предлогот на опозицијата не е неопходна реформа во однос на социјалната политика и затоа судиите сметаат дека таа ги исполнува условите утврдени со Уставот на Франција.

Опозициските пратеници, главно левичари, сакаа да започнат сложен процес за ревизија на законот со надеж дека тоа ќе доведе до отфрлање на непопуларната пензиска реформа на Макрон, која беше усвоена минатиот месец и покрај огромните протести и немири во земјата. Со предлогот се бараше распишување на референдум, а работа на Уставниот совет беше да утврди дали се исполнети законските услови за негово одржување.

Доколку одговорот беше позитивен, опозицијата ќе имаше девет месеци да собере доволно гласови за да распише референдум, што е 4,8 милиони гласови или 10 отсто од регистрираните гласачи во Франција.

Владата на Макрон, која нема мнозинство во парламентот, го протурка законот за пензиите без гласање во законодавниот дом на Франција. Синдикатите на оваа реформа гледаат како на закана за правата на работниците, додека Макрон тврди дека таа е неопходна за иднината на Франција.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Баерн Минхен продава две фудбалски ѕвезди

Следно

„Јас сум психопат кој треба да се смири“: Коста го открива мотивот за масакрот во Белград

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека
Go toTop