Успешна презентација на Патувачкото кино на „МакеДокс“

September 20, 2023
2 mins read

Проекцијата на документарни филмови во Горно Оризари, со над 350 присутни посетители, беше круна на активностите на 14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“, кое од 14 до 17 септември беше во областа Азот во велешкиот реон.

На последната вечер, на 17 септември, Патувачкото кино премиерно го прикажа документарниот филм „Историјата на Оризари“ во продукција на Здружението на граѓани „Гласот на Оризари“. Филмот ја прикажува преселбата на Санџаклиите во селото Горно Оризари со изјави од постарите жители на селото, но и со вклучување на помладите генерации, кои зборуваат за животот во населбата. Сценариото на филмот е на Семир Алимов, монтажата на Елмин Каришиќ, а наратор е Енвер Карталовиќ. По документарниот филм беа прикажани три кратки анимирани филмови за младата публика во Горно Оризари.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава се одржа во светиниколскиот реон од 8 до 11 септември со проекции во Свети Николе, с. Горобинци, с. Ерџелија и с. Мустафино, а потоа продолжи во велешкиот реон од 14 до 17 септември со проекции во с. Чашка, с. Теово, с. Богомила и с. Горно Оризари. На проекциите во Чашка и Богомила имаше по 50-ина гледачи кои имаа можност да проследат проекции на анимирани и кратки документарни филмови од програмата на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Филмската проекција во селото Теово на 15 септември беше реализирана во два сегменти. Како новитет во програмата на Патувачкото кино во првиот сегмент беа промовирани осум видеоспотови направени на песни од музичкиот албум „Вознесено“ (Ascend) на бардот на македонската и екс-Ју музичката сцена Горан Таневски, поранешен вокал на култната група „Мизар“. На проекцијата беа присутни мештани од селото, но имаше и публика од Скопје дојдена на промоцијата на албумот.

Со истата возбуда со која ги следите проекциите на Патувачкото кино имаме уникатна можност да ги проследиме и видеоостварувањата за песните на Горан Таневски, чиј длабок вокал остави силни траги во македонската музичка историја. Со албумот „Вознесено“ тој испраќа порака дека секој уметник и секој човек треба да настојува секогаш да се издигнува себеси барем едно ниво повеќе од тоа што е и на тој начин да го даде својот креативен придонес на светот и на векот“, изјави новинарот Тони Димков на промоцијата во Теово.

Во музички стил, во вториот сегмент на проекцијата во Теово беше прикажан креативниот документарен филм „Мојот превртен свет“ на режисерката Петра Селишкар и кинематограферот Бранд Ферро во продукција на „Петра Пан Филм Продукција“ (Словенија), ППФП (Македонија) и „Рестарт“ (Хрватска).

14-тото Патувачко кино на „МакеДокс“ оваа година оствари исклучително успешна мисија. На проекциите беа присутни над 900 посетители во осумте населени места во двата реони, а како преднастан имаше проекција и покрај реката Бабуна во близина на селото Црквино во рамките на манифестацијата „Средби на Родот“. Од оваа година Патувачкото кино почна и со новата програмска активност на собирање мемориска граѓа од постарите жители во посетените села.

Покрај проекцијата на креативни документарни филмови во рурални средини, организирањето на Патувачкото кино е дел од пошироката рамка на децентрализација на културата низ целата држава. Реализацијата на Патувачкото кино е поддржана од Агенцијата за филм и од „МакеДокс“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Започнува спроведувањето на мерката „гарантирана цена“ – Јовановиќ: Не се подобрува стандардот, се стопира само сиромаштија

Следно

КАТИНА ИВАНОВА БЕШЕ БОРЕЦ, НЕПОКОР, К’НЕ И ДРУГАРИШТЕ, КАЖА РЕЖИСЕРКАТА ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО МНТ

Latest from Blog

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави

Празник на појасот на Пресвета Богородица

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во
Go toTop