Уште се бара лицето кое ги замеси колачињата и заедно со мобилен телефон ги испрати во Шутка кај Јованов

February 3, 2025
1 min read

Сеуште нема одговор од власта, како мобилен телефон пренесен во кутија со колачиња се нашол во рацете на Васил Јованов, кој пред неколку денови ја прегази младата Фросина Кулакова. Денеска на прес конференција, јавниот обвинител Ислам Абази, одговарајќи на новинарско прашање рече дека во секој момент чекаат да го идентификуваат или откријат лицето кое му го дало мобилниот телефон на Јованов кој се наоѓа во притвроското одделение во затворот во Шутка, во лија истрага се вклучени јавни обвинители од специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција.

Тој потенцираше дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

На новинарско прашање упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

„Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Како што дополни, станува збор за законска одредба која што многу често ја применуваат, а парите често се уплатуваат во буџетот или во хуманитарни цели.

Прашан дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алаксовска-Стојановска, јавниот обвинител Љупчо Коцевски одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

„Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање“, рече Коцевски.

Инаку, денеска министерот за правда Игор Филков донесе одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова. Целта е, како што посочи, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со грант од МОН ќе се промовира мултикултурализмот во музичките училишта во Струга

Следно

Директорката на „Козле“ Д-р Каролина Симоновска испрати катиљ ферман со кој забрани медиумите да и го споменуваат името

Latest from Blog

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот

Алонсо подготвува историска промена во Мадрид

Во текот на наредните денови, Чаби Алонсо официјално ќе стане тренер на Реал Мадрид, почнувајќи од сезоната 2025/26, а мадридските медиуми веќе пишуваат за првите големи промени кои следат. Марка тврди дека

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на Европа, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше уникатен настан посветен на децата. Под мотото „Европа низ детските очи“, во Македонија

Утре во Албанија се одржуваат парламентарни избори

Албанските граѓани утре излегуваат на парламентарни избори. Изборите се сметаат за одлучувачки за демократскиот пат на Албанија, нејзината посветеност во борбата против корупцијата и нејзината аспирација за влез во ЕУ. Со повик
Go toTop