Со грант од МОН ќе се промовира мултикултурализмот во музичките училишта во Струга

February 3, 2025
1 min read

Дисперзираните паралелки на државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Струга и основното општинско музичко училиште – Струга добија грант од Министерството за образование и наука за реализација на проекти за меѓуетничка интеграција во образованието, во висина од по 33.000 денари по училиште.

Целта на проектите, како што истакна раководителот на дисперзираните паралелки на средното музичко училиште во Струга, Димитри Кумбароски, е да се промовираат меѓусебно разбирање, толеранција и почит меѓу учениците од различни етнички заедници.

– Преку заеднички работилници, музички настапи и креативни проекти, ќе градиме мултикултурна атмосфера што поттикнува хармонични односи и взаемна почит, рече Кумбароски.

Учениците од средното училиште, истакна, преку креативни работилници треба да изработат композиција што ќе биде училишна химна. Основците, пак, додаде, биле определени за работилници во оркестар, што треба да резултира со завршен концерт.

– Овие се симболични средства, се користат за обезбедување материјали за потребите на учениците. Минатата година набавивме аудио снимач, а годинава предвидено е да купиме професионални столчиња за пијанисти, што остануваат како надгледни средства за потребите на учениците и наставниците за реализација на наставата, изјави Кумбароски.

Ефектите од досегашните работилници, нагласи, се очигледни. Учениците од различни етнички заедници стекнуваат меѓусебна почит и доверба и творат на заеднички јазик преку музиката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови протести во Србија

Следно

Уште се бара лицето кое ги замеси колачињата и заедно со мобилен телефон ги испрати во Шутка кај Јованов

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop